мудрец м.

мудрец (м.)

Прво, кој е најголемиот мудрец, второ, кој е пророк над пророците и, трето, која е најдобрата вера на светот?
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Дури и најголемиот мудрец си ја лапа збунето брадата, сиромав, не знае како да ја прекине олимпијадата.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
2. АКО СИ ЌЕЛАВ, ГОЛОГЛАВ НЕ СЕДИ - не за да не настинеш народецов се плаши, туку да не те есапат за мудрец кој вреди да ги изреформира сите школства наши...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
„Светлината е во нас, Танаско... Кога го прашал кралот својот мудрец: „Кажи кое е светло човеково?” тој одговорил: „Сонцето“.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ете, гледате, народниот мудрец и за фалбаџиите изрекол мудра изрека.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
- Мудрецу, невидлива сило, што виде, кажи ни?
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Зашто мудрецот од Калкута велеше: природата постојано иста ќе се повторува, а само човекот сѐ понесреќен и понесреќен ќе станува, зашто духот и умот ќе го влечат сѐ понаред, а силите не ќе можат да го следат...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Илко ја испуфка лулата, ја разгоре и рече: - Катастрофи имало и ќе има... - тргна неколку пати едноподруго на лулата и продолжи: - Мудрецот од Калкута кај кого работев, велеше: природата постојано ќе ни се свети...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Мудрецот велеше дека господ за тоа и ја создал смртта...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Црниот Пандил Димулев, тревар и соплеменик на Проказниците, војник и мудрец како што учел од Тоските со кои некогаш, како дете, бил со одметнатиот татко, му шепнал на челникот да ги остави луѓето да се смират; тие без заповед ќе ги повлечат двоколките кон царски друм кога ќе престане дождот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Јас верувам дека оваа голема култура на Балканот, во книгата на Старова таа е симболизирана преку Таткото, главниот лик во книгата кој е воедно, и интелектуалец и ерудит и мудрец.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
А мојот татко не беше ерудит, ниту мудрец, како на Луан, но тој беше отворен и без предрасуди кон другите, секогаш готов на пријателство со туѓинци и си имаше своја мудрост кон животот...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во јазикот на алхемијата, удиралката за пченица („небеското“ - бидејќи алхемијата е „небеско земјоделство“), Вознесението на Богородица, соблекувањето на невестата - сето тоа се метафори кои имаат исто значење: чистење - уситнување на нештата и нивно претворање во сребро и злато, или подобро во „камен на мудреците“ кој се споредувал со кристалот. 196 Margina #8-9 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
На другиот крај од големата маса во одвратната чајџилница Филонус, тивко ги разменуваа што религиозните што садистичките што метафизичките што мајчински искуства, следниве три личности: младата госпожа Ана, инаку позната како сопруга на човекот што катедрата за логика ја замени со кафанска маса на која стојат мистериозните кибритчиња и лактовите на народнот мудрец Неџо; госпожицата Буде вообичаено - спрема правилата на тајната организација „Црна Ружа“, така суптилно провалени од инаку најглупавиот балкански весник „Вечер“ - облечена во нејзе милите папски бои: љиљакова, портокалова и бела („синестезии, нелогичности!“, се слушаше врескање од соседниот крај на масата) и со специјална ловачка капа на главата на чиј што врв (на капата), провокативно искривено, трепереше зелено масонско перо, ко ветроказ; додека човекот што токму зборува - и чиј што истоштен, од премногу експерименти со нејадење и неспиење, глас, го привлече вниманието на г. Абов - се одзиваше на името „Никола, врти кола!”, или скратено Никола Вртикола.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Колку целината на она што го чувствуваме и ткаењето на нашиот обичен, секојдневен свет се социјално програмирани, поттикнувана фикција, мрежа во која сите сме заплеткани, со исклучок на малкумина кај кои условувањето не се „фатило“, или попуштило, или кои се разбудиле од маѓепсаноста - шареноликата толпа генијалци, психотичари и мудреци?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
А ако случајно се обидеш да испратиш по некој дисонантен прдеж - о, еве ги, чаршиските полицајци на духот, кафеанските мудреци ко пена на мртвото море.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Првите инженери на Хаосот можеби се Хинду мудреците кои создадоа метод за ракување со мозокот наречен Јога.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Да твори извесни симболички предаватели до онастраното, непознатото, идеалното, да даде илустрација и сугестивност на прикаските за спасот и излезот што мудреците од сите провиниенции ги креираат орално и бихејвиористички, или ако повеќе сакате - ан пасан?
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Андерграунд уметникот е како Сократ - филозоф и мудрец во своето тело и во реонот на својата перцепција; доколку андерграунд уметникот биде вознемирен и испровоциран од масите тој уште подлабоко бега во подземјето.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Политичарот може да функционира само како иманенција - поразен или победник, додека уметникот го опишува случајот творејќи го својот артефакт, а мудрецот едноставно го врти грбот и си оди, сѐ му е јасно однапред, едноставно го боли и за бабуните и за политичарите и за уметникот и неговите трауми. okno.mk | Margina #26-28 [1995] 26
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Повеќе