мугра (ж.)
По утрини росни, по мугрите пресни, наведени ничкум по полињата родни зачмаени ние го береме.
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
И в таја мугра пресна да екне дружна песна на дружните удари - та бијат срца млади и растат силно гради пребликнати со јад!
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
На време Рацин излезе. Како што лице огрева на млада мома убава кога ја либе пресретна, така им лице огреа Рацин со „Белите мугри“.
„Робии“
од Венко Марковски
(1942)
Наблизу весело шумолеше Вардар, а во далечината, низ модрикавата завеса на првата мугра, се оцртуваа темните горостасни купи на планините. ***
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
И токму една ноќ Митре со двајца свои другари кладе мамец на стапицата (еден сомун и на него книжулче со натпис: Бегај Гано од мое Старавина оти мајчето ти го расплака ако ми падниш в рака), и еве ти ги во утрешната мугра двајца „Гановци" на мамецот, а Митре со другарите кои преседоа цела ноќ на „пецање" им се фрлија одзади.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Таман во муграта излегоа од село и открачија колку да не ги втасаат дрварите нагоре и веќе забеле зората.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Стани сам во мугрите,излези во ранина, на висока ,скалиста, снеговита планина.
„Слеј се со тишината“
од Ацо Шопов
(1955)
Излези во мугрите, излези во ранина На висока, скалиста, снеговита планина, по лицето, снагата ветрот да те милува, мисла ненаслутена в умот да раскрилува.
„Слеј се со тишината“
од Ацо Шопов
(1955)
Со прстите на својата смеа што кружат во муграта наслутена те вадам од ова задушено купе што живее со здивот на тунелите и те водам во синиот и широк сон на јавата да се одмориш во зеленилото на пристигањето.
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
На сртот, во таа од роса влажна мугра, стрико Благоја им ги виде лицата на партизаните - без суви, изморени, со темни сенки под очите.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Со стадото руди овци по перунските рудини, како свири со својот кавал во утринската мугра, а двата големи овчарски пци мирно ги вртат опашките крај него, секогаш готови да скокнат и да му го скинат гркланот и на најголемиот волк.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Сите негови спомени од далечните години, после... тажните писма од Бимбила, фотографиите од синот и внучињата што не ги стегнал ниту еднаш на ранетите гради, и сјајот во нивните очи од новиот, слободен живот таму - сето тоа му беше слеано и дишеше во топлиот трепет на таа незаборавна, светла и мирисна мугра од пред дваесет години, што овде го галеше и постојано го измачуваше со најмилото: мечтите, младоста, љубовта и тешеше во најтешките часови...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
И еве, Божин си замина... Со кого ќе сподели сега овде за својот копнеж по муграта?...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Дваесет години изневерени мечти, гладни дни и копнежи, копнежи по светлата, мирис на мугра... Сѐ заедно...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Вака стуткан и модар од муграта, не носеше со себе ни страв ни доверба. Како да не беше тој.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Куќите од двете страни на улиците беа морничаво неподвижни во муграта.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Сета ноќ, како што ми расправаа подоцна, сум бил во несвест од оган. Дури пред муграта, огнот стивнал.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
МЛАДИЧОТ: (Гледа низ прозорец.) Ја гледам муграва.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
МЛАДИЧОТ: Свикнат сум да се разбудувам во мугрите.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Во муграта Арсо се стреснуваше, очекувајќи нешто од што најмногу се плашеше.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)