муабет м.
муабети несв.

муабет (м.)

По малку време беше се собрале сите куќни луѓе и дури некои од комшиите и курдисале муабети да го прашаат Силјана. – "Е, Силјане, како е татко ти Божин со здравјето?
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Откога беа го довршиле муабетот, легнале и си спале.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Откога видел Силјан оти не веруваат, почнал да им кажува што му правел на татка си, како го поучувал татко му и тој не слушал, како се главил со дуовникот, како влегол во морето, како се нашол на долна земја, како правел муабет првата вечер у Аџи Кљак-кљак, како му прикажувал за старецот што го отепале децата и што колнал, како излегле двата извора од кога им изумреле сите деца од големата сипаница, како се сторил штрк и си врзал шише на гуша и како патувал од штрковата замја преку широкото море, како дошол над Плетвар и го окршил шишето, та си останал штрк и си дошол дома.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
ДЕПА: (упаѓа). Морее Панде, што ти требаше да кажуваш вакви муабети, да ги ставаш луѓево во мерак?
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
ДЕПА: Море Панде, што те стијоса да расправаш такви муабети?! Белки не е ништо...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
ДЕПА: Море Панде, не ти требаше да расправаш вакви муабети.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Поседете си. Ќе се напиеме уште по некоја и друга ракија, ќе поправиме муабет.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се редат муабети за Доста, се срамнува со другите невести и моми, се пуштаа по некој и друг комплименти, некои пристојни, други пресолени, како од Мариовци.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Дедот Петко ги собра сите сили и знаења и го почна муабетот: — Еве, невесто Досто, јас пак дојду.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ангеле женски муабети не трпеше: - Сиктер, мори.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Со денови се носеа низ ресенските дуќани, куќи и фурни вакви и слични муабети.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ќе поправам малку муабет со човеков.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Долу, кај Црна, се осамна и Митра веќе заборави оти живееше толку време во Мариово. Co лав, со муабет, со смеа и шака вечерта пристигнаа во Прилеп и кондисаа кај Биковите на ан.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
За бадиала ви е муабетот, за бадиала сете благословии. Не се страмите, страм да ве јаде!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Море Митра, шо барала нашла, јас неа ни муабет не а права, токо, така, ти a напомни за да те обида да не си врзан за неа та да ни побегниш некој ден пак кај неа — одговори Трајко и станаа, очигледно сите задоволни од разговорот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Му рече ли лош збор - полош ќе ти врати; црната: ниту сака да те сретне, ниту сака да разговара со тебе; пред очите му е темно; сѐ на светот му е виновно; мудри се, знаат многу, со очи, со поглед можат да дознаат сѐ: кој си, што си, колку тежиш и што сакаш да речеш; во разговор со нив секогаш чувствуваш: меѓу тебе и нив голема далечина; не се напрегаат сѐ да чујат и разберат; на проклетството и на болот му робуваат; лилавата (јоргованлијата); постојано си потпевнуваат во себе или гласно: и во одење, и во работа и во кревет; во устата, на ушето или во малото џепче од палтото носат цветче - за салтанет; на секоја веселба први запoчнуваат да пеат; што било вчера, што било денеска, што ќе биде утре - не ги интересира; кога смируваат скарани, не сакаат многу муабети; на скараните ќе им речат: ајде чукнете се со чашките, оти главата ќе ви ја чукнеме; те фалат, те гушкаат, но сето тоа го прават без мерка; последни од кафеаната се прибираат дома; сивата: многу пребираат, џимрии во јадење, во купување, во облекување; надвор ако врне - продолжуваат по цел ден да спијат; од добиток не држат ништо, или сосем малку; за сѐ, па дури и нешто на милост да речат - колнат; клетвите им се помошни зборови со кои полесно се изразуваат; повеќето се тенкоусти, палени на збор, на јазик; кога е студено - мајката на господа му ја караат, кога е жешко - исто така; на гости, по свадби, од иста чаша или сафа не пијат; дома на прагот од куќата те пречекуваат држејќи ја вратата недоотворена; очите секогаш им се готови да те погледат напоречки, да те мунѕосаат; портокаловата: лични луѓе, секој сака од нивната куќа невеста да земе; кога врват девојките и невестите низ селото - како сонце да врви, сè пука на нив од здравотија, од личнотија; коњ аздисан скротуваат, пукнуваат; таа убавина, таа здрава јатка во нив ги држи до триесеттата година; по неа - одеднаш како зрел плод се што не може многу да држи, свенува, се олошува, се распаѓа; од никого лош збор не се слуша; благи и кротки и во очите и во лицето и во зборот; старичките чисто-пречисто се носат, мирисаат на мискинсапун, на калофер, но не доживуваат длабока старост; прават куќи понастрана од другите, истакнати, видливи; добиците им врват низ посебен влез за во кералот, не низ дворот да им го балегат и гнасат; кога крштеваат дете, врват низ селото како кралска процесија, како крал да се крунисува; ако седиш со нив, имаат моќ да те маѓепсаат, да те стават под влијание, да те владеат.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
АНДРЕЈА: Каква политика? Ова се алваџиски муабети. Вие сте аматери политичари.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
РАЈНА: Какви се овие муабети, лежење во кревет, гледање во таван цел ден, ракии, не си измиена два месеца, уште да мочаш во гаќи.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
МАТЕЈ: Ова е Марк. БОРИС: Се запознавме. Истеравме муабет сабајлечки. Тоа ти е обетка на увото?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Со него си правам муабет...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Повеќе