мрмор (м.)
Набргу ме напаѓа нивниот едносложен мрмор, проследен од музиката што спирално завива.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Веднаш ме облева ритмичен машки мрмор: во средината на просторијата диво танцуваат дервиши.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Почна да зборува, со истиот безизразен глас како и порано, речиси без мрдање на усните, со одвај чуен мрмор што лесно се губеше во вревата од гласовите и татнежот на камионите.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Полна луна на полноќ:
тукушто откриен ќуп мед
во внатрешната одаја на
Пирамидата:
вртење во круг
безизлезно враќање
јанѕа
... мирис на маточина, мрмор на планински поток,
кошариња пчели, тивки дење, потивки ноќе
и - збунувачки спокојна бесконечност ...
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)