мрк прид.

мрк (прид.)

Растат жита, горе нависоко: оризите крај вода студена, мрки урви дури до колена, жолти ’ржи до преку рамена.
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Имено, таму кај што се вливаше Алинска Река во Бучинско Блато, нешто подолу од утоката, кај врбите на Свето Враче, во најдлабокото, веруваа дека се сокрива некаков ѕвер, за кој кажуваа дека има мали куси и дебели нозе, кој е мрк, то ест по целото тело обраснат со сива мов, жителите на Потковицата и жителите на сите околни села го викаа Кобникот или само Бучалото.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ме земаат меѓу своите мрки погледи и ме оптрчуваат со нив, ме опколуваат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Два дена по тој разговор, дојде еден џип над куќата, излегоа двајца мрки луѓе во полициска униформа, и го зедоа Симона.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Долго време очите не можеа да навикнат на тој лак на смислени и тенки линии, кој изгледа како само да се закачил за тој мрк карст, полн со честар и со палвита и дека при првата можност ќе го продолжи летот и ќе исчезне.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Катер гротескно го полни текстот со сите можни знаци и белези на гејството што може да ги смисли – освен со хомосексуална желба.240 Нејзиниот раскажувач вака го опишува Пол: Алиштата му беа малку прераснати, а мркото кадифе на јаката од раскопчаниот мантил му беше изабено и лито; но и покрај сѐ, имаше во него некоја гиздавост, па на црната убаво врзана вратоврска си носеше опална игла, а на реверот црвен каранфил...
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)