мрежа (ж.)
Време е да ги отфрлиме од очите наши мрежите што ни ги кладоа националните и верските пропаганди во Македонија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
А, си паднал в мрежа, па сега скокај колку сакаш, не ќе искокнеш.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
АРСО: Не, риби фаќам. Фрлам мрежа, па ситните ги враќам, крупни сакам...
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
5. Банки дигнаа палати распнаа мрежи широки, банки дигнаа палати и кули тенки, високи: нагоре кула висока надолу земја длабока.
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
За чудо кога стасаа до дното, наеднаш стана светло и двајцата бегалци зинаа од чудо: на неколку чекори од нив, сред мрежа од трева и други подводни растенија, стоеше едно големо чудовиште.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Нашата печалба некако стасуваше да се преранат браќата; продававме лилјаци уловени со мрежа в дувло, носевме крст на покопите, некои крадеа, некои веќе питаа по гробиштата.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Имам незадржлива желба да ја фатам и да ја залулам во мрежата на тромавиот пајак.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Пајакот уште е скаменет во својата мрежа но на сивиот ѕид ја нема трепетливата сенка на пеперугата.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Зимаа стркала топка од бели мисли но ти не извика топла е студенината на снегот Па сега без прекин чекориш по тенкиот млаз од светлината што како пат виножитен се распнал меѓу погледите и води во густата жижа на едно познато молчење Се чудиш зошто се гранките во превезот румено бел проѕирни како мирната и широката мрежа на очите Но колку и да се надвесени тие над мртвите води сепак би те грабнале на раце
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Зад челична мрежа, најверојатно за да ги заштитат од мене, седат во ист ред сведоците: ученичката во црн сатен, онаа танка скоро проѕирна жена што бездруго ќе се откажува од мене колнејќи се дека сме биле во брак, оној што еднаш го сечев под струјомерот (сиот е во превивки и под долги фластери), оној друг што остана да лежи со крваво теме во царството на пауните и тревите, двајца што еднаш ја откопуваа од подот Неговата слика.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Еднаш, ноќе, со оваа точка Август за малку ќе ја промаши мрежата. За малку.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
„Полицијата е принудена да биде препазлива. Во градот се претчувствува бандитска мрежа.“
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
„Мораа да ме пуштат. И нив им беше смешно да ме сметаат за нишка од онаа илегална мрежа.“
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Тромаво, скоро сонливо се огласи гитара; нејзините акорди беа лепливи и се плеткаа во мрежата на синиот чад.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Неговата сенка долга како јат претпазливо ползеше во таа мрежа, се пробиваше низ нишките на есенската магија, растеше и се губеше во чудна игра.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Го сочекаа кога излезе од станот и со вештина на рибари кога ја фрлаат во вода својата мрежа го сплеткаа во долг платнен оклоп, а тој, пред да се почувствува како мумија, сфати сѐ што може да сфати здрав човек и крикна, се разбесни, пожали што не му се рацете слободни со громови да ги милува ниските чела и полните бели усни, сфати дека му е наместена игра и дека е волк в стапица.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Бидејќи живее во плитки води плашицата лесно се лови. Ја ловат рибари со мрежи, деца со ќепчиња.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Крај живата багремова ограда на дворот минува една линија од скопската железничка мрежа.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
И полека, како рибар својата мрежа, и него го извлекува од разбранетата веселба.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Месечината ги заплеткуваше во трепетна мрежа од светлосенки.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)