мрдање (ср.)
Сега ќе ти ставиме јарем и нема повеќе мрдање.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Туку - така, ќе ти направат, и нема мрдање.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
На пладне се редиме на казанот: си го гледаме тилот и кирта на јаките, мрдањето на ушите и вилиците што џвакаат.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Возот си штрака, го осеќам и мрдањето на праговите под шините.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Во борењето, во мрдањето сме го клоцнале.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ги добивав многу просто, со мрдање на малиот прст од левата рака.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
На клупата покрај Винстон се слушна земање на воздух и некакво мрдање.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Почна да зборува, со истиот безизразен глас како и порано, речиси без мрдање на усните, со одвај чуен мрмор што лесно се губеше во вревата од гласовите и татнежот на камионите.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Ќе натрупа снег и нема мрдање.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
„Очигледно книга не фатила“, помисли ученикот, точно распознавајќи го секој гест на неговите професори - колку повеќе мрдање толку помалку знаење.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
- Јатата одлетале, Ѕвездо моја, ама ќе се вратат... ако има враќање - Секое заминување нема враќање - тивко си шепоти баба Петра, ама Ѕвезда сепак ја разбира, според мрдањето на усните ја разбира.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)