мразулец (м.)
Во долгите зимски ноќи - калливи или виуличави, закитени со мразулци или уште неоладени од испливиот здив на студот - ловечката страст е поврела и понеобична кај селаните.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
А сега остана само еден насмеан лик црно урамен над прагот и над столбовите и една голема тага висната од балконот студен мразулец забоден во градите на земјата каде се растура во ништо една прашинка од човек
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Затоа сега минуваме како крај зафрлена станица оти место рацете ни мавта една голема црнина тага од студен мразулец што виснал од балконот и балансира укочена пред црната вистина на сонот.
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
И што ќе е тоа, тој замав, тоа запенето задоволство, тоа исчекување: остра светкавица, сребрен блесок на рибји стомак, проѕирен мразулец? Јасно, човеку: нож!
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Тоа беше остра светкавица или сребрен блесок на рибји стомак или студен, наскоро проѕирен мразулец.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Беа секогаш оние северни ведрини, од кои мразот преку ноќта се стегнува како кремен, за некаде веднаш попладне само штом ќе почнат да капат капавиците, а веќе светлооката острина на цибрината ги маѓепсува со погледот на своите бели ѕвезди, и само мранзулите по стреата и по ветките ќе стасаат да пораснат надолу уште за една педа.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Довлечка и студ и ги закова браздите и реките со дебел мраз; по стреите небесни мразулци како сабји и анџари.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Еден од мајсторите го зеде јагнето и го завлечка накај темелот: јагнето насетувајќи ја опасноста, почна да блее и да напиња со глава да ја скине врпцата, но мајсторот го зграпчи за половина, го крена и го однесе до темелникот; кога јагнето го виде ножот што го измолкна мајсторот зафати посилно да прета и пожално да блее, да моли за спас; но мајсторот, го притегна поцврсто да не прета и му ја стегна устата; јагнето сега почна со погледот да го моли мајсторот да го пушти, да го ослободи; но мајсторот му ја затегна главата нагоре за да му го зарие ножот; кога виде јагнето дека му нема спас, дека мајсторот нема срце, душа, го погледа со презир, со омраза и смигна да не го види сечилото од ножот што му беше допрено до кожата; првин сети студенило во грлото, налик на допир на мразулец, а потоа силна болка, губење на воздух, на здив, на свест, се стресе, спрета со нозете, за последно сапна, потоа се успокои, како да заспа.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Отворам, а однатре, од ѕидот, ме гледаат Сталин, Маркос, Енвер Хоџа и еден светликав лустер што се подава ко букет од мразулци.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Наеднаш се почувствував рамен со него, не стар колку што беше тој, туку поинаку: сега Онисифор Проказник стануваше дете од моето коледарско детство, од некој Божик со мразулци на стреите и со укит на глоговите.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Мразулците на детството се стопија во сеќавањето и јас им се вратив на своите шеснаесет години. Го зедов сувото грозје.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Мразулците што се фаќаа на чешмите во дворовите создаваа мали дворци, тврдини, никогаш невидени во животот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Тој беше голем, безвкусен, кршлив мразулец, снежен човек ставан в кревет секоја ноќ, преполн со конфетни сништа, ледени кристали и снежни луњи.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Од солзиве настанаа првите мразулци на светот.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
„Мило ми е што си дојдена, Рајне, ама јас не чекам гости во дуќанот“, ѝ рекла тогаш Трајчеица, и тоа само за да си ја поништи горчината, така барем велеше дека ѝ рекла, но Рајна студена како мразулец, само се насмевнала, „и тоа со половина око, да извиниш“.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Секој ден ти да јадеш помивка и зиме топлина на кожата да не сетиш студот во коските да ти влезе, како да си полн со мразулци!...
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Паметам оти по сокаците таа вечер, речиси секоја година, имаше крцкав снег. по стреите на куќите висеа долги мразулци, а сињакот ми ги боцкаше ушите и ноздрите.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Бараше да пие кафе. Бараше да пие вино со скапите зачини што не можеа да ги пронајдат, и пак се тресеше како да го оставиле надвор на снегот, гол, со мразулци под пазувите.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Тие активно се бават и со шишање трава, поливање, собирање листови (и шишарки), чистење снег и кршење мразулци.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Секавиците на студот, како остри мразулци, ѕиркаат од твоите очи, покажувајќи го разочувањето пред јавниот поглед на луѓето – му објасни старецот.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)