мотоцикл (м.)
Напред и назад ги следеа моторцикли со митралези „на готовс“.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Денеска пред анчето на Петко стоеја неколку германски камиони, покриени со шаторски крила. Пред камионите стоеја два, а зад нив еден моторцикл.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
17. Михајло Горачинов нашол еден мотоцикл, му ја затегнува гаста и вика: — Ајде, Небеска, ќе дојдеш со мене?
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
По сѐ изгледало, војникот со шлем и со машингевер на градите, извидник, курир за воени врски или паничен дезертер пред пропаста на Хитлеровиот Рајх, бил убиен од некој шеесетгодишен свештеник Доситеј Давидовски со куршум на тулски нагант од заводот на императорот Петар Велики зашто црниот мотоцикл го присвоила месната црква.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Земанек возеше бавно; газдата се смееше, му велеше да забрза, но Земанек немаше храброст да нагази на мотоциклот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Земанек возеше, а јас седев одзади на мотоциклот; Земанек постојано повторуваше: „Ова мора да се претвори во пари човеку, ова е чудо, какви планови, какви печурки, ти си златното јајце, ова мора светот да го види, човеку!“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Се случи вака: јас, за да се покажам подобар од Земанек (иако првпат седнував на мотоцикл), одеднаш притиснав на гаста, и веќе следниот миг предното тркало на мотоциклот се крена во воздух; газдата вресна, скокна, се исплаши, но ништо не се случи: јас продолжив да возам само на задното тркало без никаков проблем, и така возев неколку минути, на рамниот дел од патеката, напред и назад!
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Наеднаш се слушна брмчење на мотоцикл и маж без офицерски ознаки, нареди: - Другари!
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)