мотор (м.)

Од далечина се закануваше автомобилски мотор.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Далеку удираа ситни, брзи ѕвона, виеја тешки автомобилски мотори.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Вревата и шумот на моторите ненадејно спласнаа.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Со мотори пристигнаа окупаторски офицери со високи чинови.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Моторот работеше неуморно, а Зоки ни да се помрдне – сѐ на истото место си седи, гледа што станува и молчи, глас не пушта од себе!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Камионите и моторите брчеа, го минуваа мостот на Дримот и одеа некаде кон Албанија.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Од дрвјата, зад кои се засолна џипот, Бојан веќе не можеше да го види, само знаеше дека џипот застанал, бидејќи бучавата од моторот веќе не се слушаше.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Шумарот се качи на џипот и го запали моторот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И така долго претворен во дожд сал блиското давење на моторите и чадот од другата страна на уличниот порој ме враќа и потсетува дека седам во тремот додека врне дожд додека врне додека врне долгоочекуваниот градски дожд на летната квечерина.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
За жал, во тој момент мина со голема бучавост некаков мотор, ја заглуши мелодијата, ја наруши тивката вечер.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Бучењето на автомобилските мотори се задушува во белата покривка.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Го снемува меѓу дрвјата. Го слушам брмчењето на моторот додека и тоа не престанува.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Го притиска гасот, и моторот, завивајќи поаѓа.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
А кога престана брмчењето на моторите и во котлината се врати тишината, тој се загледа во ѕвезденото небо и се почувствува уште поосамен.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Го призбрчува Горачинов моторот и тера една тажна песна, морници ти скорева.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Запре моторот, ме запре мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И, на часот, моторот ни скршнува од патот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во тоа време Европа, ако знае дека се поминати шест или седум години откако Американецот Јозеф Хенри ги создал електромагнетите со голема сила (електричен мотор!), не знае дека во еден дел на Македонија мажите се впрегнуваат во рала и во двоколки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И ќе забревта бензинскиот мотор.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Потоа ќе го вклучи моторот и авионот ќе се вивне во воздух.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Повеќе