морнар м.
морнарица ж.

морнар (м.)

Се сврте кон децата. „Морнари, дигнете ги едрата и пловете дома.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Острото морнарско око, загубено во опасниот простор на морето, ја следеше оваа зграда слетана на самиот врв.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Недалеку од него, висок морнар преграбал преку половината девојка сосема млада и срамежлива.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- А моите врски со морнарите? - Тоа не ме интересира.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Утрината, кога сонцето исплива од источната страна на морето, сите морнари беа на палубата.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Ене го на јарболот! - низ смев му одговорија морнарите.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Некои морнари, кои работеа нешто по палубата, ја забележаа и радосно извикаа: - Ехеј, имаме нов патник!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Кога јас рецитирам песна за морето и морнарот, кој ништо не се разбира во поезијата, ме поправува, јас сум му благодарна.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Во домот најмалку трипати во месецот доаѓаа одговорни другари, добротвори, благородни луѓе, граѓани, татковци, мајки во потрага по своите деца, задолжени активисти, предавачи, артистички трупи, поети, морнари, секакви гомнари, потоа некои си другар и другарка Лажоски, маж и жена или брат и сестра, чудовишта, инспектори по здравје и хигиена, едни вечно гладни луѓишта.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Пловидбата беше негова света задача. Го насочи бродот кон Југ. Југот ги плашеше морнарите. Оттаму бродовите не се враќаа.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Се поздравуваме со морнарите, со екипажот на бродот, ама рака никој не пушта.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Морнарите само се цукаат со устите, потпукнувајќи со јазикот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
а отспроти Паун Радевски ја пресоставува песната „Ена карави апто Пиреја“ и, наместо еден брод тргнува од Пиреја, тој пее „еден брод со нофисти17 тргнува од Драч во незнајно“, ааааа, тис, си пее „ена карави аптом дирахион пуехи меса Нофитис“, си пее, а нас ни се приплакува, морнарите не знаат зошто ни иде така и нѐ бркаат од палубата долу, во утробата на бродот нѐ слегуваат, кај котлите, кај машините и тогаш Паун Радевски запира со песната, се истава настрана и настрана нѐ гледа,
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Солените зраци залудени ги покануваат рибите на валцер...ен два три...морнарски капи – мистериозни мапи...ен два три...љубовниците пијат лимонада – осамените сонуваат серенади... ен два три... загубени гаќи – јато страчки... ен два три... чамци прамци ланци и други тракатанци... ен два три...ен два три...еве ги моите родители, испокасани од решетките, сепак се вртат ритмично и лесно, иако сенки – гостинки сред радосното братство, иако...ен два три...иако го наслушнувам татко ми како мрмори: - Денот е како лист.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Во Бруклин американските морнари му ги скршија предните заби.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сега ќе помине синџирот и нејасно ќе блеснат златните еполети, сега ќе заигра во нечуен кас извидницата во топли капути, во капи со црвени опашки, сега повторно поручникот со монокл и со крут грб, сега пристоен полски офицер, а сега со громогласни бесни пцости пролетуваат сенките на руските морнари, размавнувајќи со широките панталони.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Дневната заповед на Големиот Брат очигледно беше посветена на одавањето признание за работата на една организација позната како ПТЦЦ, која ги снабдуваше морнарите на пловечките тврдини со цигари и со други потрепштини.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сетете се на нашите момци на Малабарскиот фронт! И на морнарите на Пловечката тврдина!
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Не си деклариран, разбираш? Толку ли ти е тешко да се декларираш? Па еве и Земанек...“, рече без да заврши, без да ме погледне во очи, онака свртена со грб и јас гледав како полека ја ведне главата и дека плаче; ребрата ѝ се ширеа и спуштаа како кај кораб неосвоен од туѓ морнар.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ѝ го гледав грбот; гледав како дише, гледав како ѝ се поткреваат градите, одзади гледав како ѝ се шират ребрата на градниот кош („како на кораб дотогаш неосвоен од туѓ морнар“, напишав во една песна); гледав дека е сосема свесна дека ја гледам и дека прави милијарда мали и непотребни движења кои ме излудуваа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Повеќе