мори (несв.)

Чума ли село избила, глад ли е морило?
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
Болка боли - болка гори болка тече, душа мори.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
А народот по апсаните што не знае каква мака ме мори, може ќе биде ќердосан со долг живот и со долго паметење“. „Амин, боже“, рече попот Ставре.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Татко ѝ би рекол - и тој самиот не знае каква мака го мори.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
И втора година ме мори нежива заспивам пред зори без адамово ребро липам ко плам биди мит за привиди ненасит и минатото да биде мило да биде што не било ***
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Би сакала да сум цвеќе, и во милувки да те галам да бидам ноќна птица, и кога телото твое жар ќе жари ко змија со јазикот оштро, да пијам сок од твоите жили, и така в бессоница, да те милувам тебе мојот најсакан цвет, што рози и ме мори...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
И зошто не може да запамти што сон сони, што сон ја мори и чувствува дека паѓа врз белите веленциња и дека некој ја вика, ја тресе, ја буди, превртува и собува....
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)