мора (несв.)

Во 1902 год., кога Крсте дојде во Битола, стана и домашен учител на конзуловите деца, а на 26.7.1903 год. (ст.стил) тој му беше единствениот сведок при убиството и заедно со неговото тело мораше да ја напушти Македонија и отиде во Одеса, а оттаму во Петербург.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Јас морам да заминам. Ако останам жив, моја си! Ако загинам, нека ти е простено…
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Мора сето ова да го скроиле тие за да се осветат, бидејќи не се здружив со нив, со нивниот волчи апетит!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Хегел, се разбира, мораше да биде исчистен од својата метафизика, мораше безусловно да биде отфрлена неговата некритичка доверба во рационалистичкото умување — и дури тогаш можеше да се создаде вистински дијалектички метод што го овозможува спознавањето на природата и општествената стварност.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Но дури и до приватната доцентура морал доста да чека, и допрва во 1801, кога имал над триесет години, по препорака од својот пријател, тогаш веќе познатиот филозоф Шелинг, станал приватен доцент на универзитетот во Јена.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Тоа да го знаеме, но не веќе апстрактно, не само во чисти категории, поими, идеи, туку во поими што се одраз на една материјална реалност, што се одразени идејни слики на светот и општеството, значи да откриеме како и на кој начин можеме и мораме да станеме „субјективни“ делови на објективната стварност, реални фактори во појавите, општеството, политиката, науката, идеологијата, уметноста итн.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Тој мораше да ги излее низ стихови и мелодија, и да ја разнесе по целата земја славата на неговите партизани кои што „го дочуваа црвено знаме!“
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
- Не можам, одговорив тивко. - Јас навечер морам дома да се приберам.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Кога патема помисли дека можеби ќе мора да се раздели од својот питачки стап, кој го носи осумнаесет години, од манастирската торба во која ја носеше иконата од свети Илија закитена со босилкова китка, — сети болка и тага на душата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сѐ си велеше дека морал та затоа, ама сега кога го кажал Мирчета кутриот, не можеше да се воздржи да го најде а да не му се изнавика.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Нему, да признаеме, не му беше лесно: за него сега немаше ни селски празници, ни излегувања на сретсело како некогаш; мораше да седи дома плашејќи се од заслужената одмазада од луѓето кои, ако не друго, сигурно безмилосно ќе го мајтапеа онака како што умеат само селани.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Што е дедо му, тој не мора да биде.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Уште порано, ни сам не знам како, бев уверен дека тоа што се случи тогаш, еднаш мораше да се случи и итро се наведнав.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
„Докторе“, му рекоа. „Во овој дел на градот е рација. Мораме да бегаме.“ „А ранетиот?“ праша.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Не, не, ќе мора малку и бос да оди. Тоа е економично.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
„А му реков -остави го. Не ме ни послуша. Морав да го убијам.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Не, несреќата мора да лежи во друго, мислеше. Не мислеше.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Полека Џо. Дамата мора да ја смени масата. И други гости сакаат да бидат со неа, полека.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Овој се качи на него, но калето беше високо, та мораше трет да се качи врз вториот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Мораше долго да чека, бидејќи отиде кај Султанот имаше официјални приеми, па и Великиот везир беше речиси зафатен со нив.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Повеќе