монденски прид.

монденски (прид.)

Во позабутаните сокаци и улички има стотици дуќани каде што се продаваат настаро уметнички предмети за кои постои големо интересирање и меѓу монденскиот париски свет.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Бешир вешто стигна на одреденото непознато место, возејќи крај морето, минувајќи првин крај претседателската палата, па кон монденските Ла Марса и Гамарт, во точката на просторот каде што беше договорено да ме чекаат Палестинците, за да ме одведат до скривалиштето на Јасер Арафат, каде што пред неколку месеци му ги предадов акредитивните писма со кои станував амбасадор во земјата која постоеше најмногу во цврстата решеност, во желбите и замислите на Јасер Арафат! Во смислата на неговиот живот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)