мома ж.

мома (ж.)

Вдовиците и бедните, ги гледаш, солзи леат, и момите — за света чест.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Но што!... Од огнот борбен момата се плаши млада; нејзиниот е мускул слаб.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
По либе таа тажи... Чија ли е таа мома чии клепки толку лични, се?
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Али враг да земит, моми, ум, перо ми клето, че то искат да приказват с вас за таги, маки.
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
Крвава кошуља, моми гиздави, сја к'лнем, сам ја видох с свои очи, ја сам ја опипах!
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
Капки крвави, о моми, г'сти, та големи, срце ми од них застина, очи, уста - неми!
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
Белолики моми од нашите села ќе стрчаат в пролет, јаребици мили, ќе збираат тревки во раката цела.
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
Нунковците му клаваат едно име на кумчето за тоа со него да се разликува од другите луѓе, деца, жени, моми.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
СИМКА: (Со болна насмевка). Го знаеш ти, Костадине, моминското срце... Додека сме моми, немаме срце. Само сме моми...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Ќе ѝ пукне резил на момата!... Збери си го умот, што правиш! Жив ти господ!... (Му паѓа в нозе).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
СТРИКО КОЉО: Кажувај, свату, што е ред за момата да се даде. Адет ти е, адет ми е!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Садила мома крај море лозје, ем го садила, ем го плакала: „Ој, лозје, лозје, со бело грозје, јазе те садам, кој ќе те бере...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
На време Рацин излезе. Како што лице огрева на млада мома убава кога ја либе пресретна, така им лице огреа Рацин со „Белите мугри“.
„Робии“ од Венко Марковски (1942)
Рано рани бела Рада,­ бела Рада мома млада, на бел Вардар платно бели, платно бела две недели...
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Слегоа од коњите, влегоа дома, го заиграа венецот, на кој момите ја пееја „Венче здравче“ и деверите ги зедоа венците на глава за да им ги носат на невестите, без кои не можат да се качат на коњот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Ако сака господ, ќе му се наиграат утре Макревите моми и млади невести.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ене го не, коџа мома се издргнало, а она го остава тука меѓу виа машкуданци!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Охрабрени од нивното восхитување, подофицерот везе пцости непознати на тројцата партизани, везе со страст на мома занесена во ѓерѓев што ѝ открива нејасен, само претчувствуван свет неверојатно важен за нејзиниот живот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Не можат да се сетат дека Наполинка не е мома како сите други.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И секој пат, кога ќе изгрее денот, тој забележува - момата е побледа, очите ѝ се поцрвени. Не може веќе вака.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Повеќе