молчешкум (прил.)
Работат молчешкум. Зафир мери тесто, а друг, оформено во лебови, го реди на штиците. Наскоро доаѓа чорбаџи Аранѓел).
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Некои ја примаа оваа порачка молчешкум, други изгледаа пропаднати од недоумение кај да најдат пари, а неколкумина попладнето на деда Бошка му дојдоа дома да го молат да му рече на арамијата да им се смилува, да не им сака, зашто немаат од каде да најдат.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Сега, молчешкум, секој за себе, размислуваа за пликот што в пазува го носеше Србин.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Утредента, кога ќе се отрезнеше Лоте, молчешкум со куферот в рака минуваше низ селото враќајќи се во оние места од каде што доаѓаше.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Од бараките осамено и молчешкум излегуваат луѓето.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Четворицата молчешкум потврдно нишнавме со главите.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Во некој момент сигурно забележала, застанала молкум да ме набљудува како и самата нешто да очекува; веќе беше невозможно да не ме издаде напорот да го продолжам тоа затишје, да не го прифатам тоа пак да се вратат наспроти Мари-Клод, против Мари-Клод која не можеше да разбере, која молчешкум ме гледаше исчекувајќи; да се пие и пуши и да се зборува со неа, за до последниот момент да се одбрани слаткиот интеррегнум без пајаците; да се запознае нејзиниот едноставен живот работа-дома и сестра студентка и алергиите; да се сака, така да се посакува тој црн прамен што ѝ го чешла челото, да се сака таа како цел, како стварно последна станица на последниот метро во животот, а тогаш - бунар, тоа растојание од мојот стол до онаа клупа каде што можевме да се љубиме, кадешто мојата уста можеше да го испие првиот мирис на Мари-Клод пред во прегратка да ја однесам до нејзината куќа, пред да се качиме низ оние нејзини скали и најпосле соблекувајќи ја од себе толкавата облека и толкавото чекање.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Иако почесто се среќаваа на скалите на зградата или во дворот, таа во почетокот не обрнуваше внимание на него, но со време, кога ќе се сретнеа, таа ќе го загледаше малку подолго, а и тој ќе ја загледаше малку подолго и тогаш автоматски се поздравуваа, како луѓе што им е непријатно молчешкум да се разминат.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Од зинатиот влез на болницата излегоа двајца селани со торби преку рамо и одејќи молчешкум, застанаа на работ од тротоарот и малку понастрана од човекот во сина облека.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Се влечеа молчешкум, во насока на сонцето кое бавно заоѓаше.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Седеа молчешкум покрај чашките со џин зачинет со каранфилче, што беше специјалитет на кафеаната.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Сиџилите се сигурно на масата. Мајка кимна потврдно со главата молчешкум.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Молчешкум ги слушав не разбирајќи ги докрај тие бескрајни разговори за ликовите од албумите, кои бликнуваа во собата исполнета со чад, напати низ радосните, ведри тонови и живите раскажувачки надвикувања, понекогаш скриени во нечујните шепотливи коментари и придушениот кикот или тргнати од ненадејната гласна смеа на присутните, а потоа, другпат, лебдејќи во дневната соба, во успорените кажувања полни со паузи, со завладеани тишини и говори со стегнато грло.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Од зинатиот влез на болницата излегоа двајца селани со торби преку рамо и одејќи молчешкум, застанаа на работ од тротоарот и малку понастрана од човекот во сина облека.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Стоиме на брегот на океанот и молчешкум запињаме погледите да ни се вкрстат таму далеку во родниот крај баш во домот на третиот ни брат.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Петар ја стави раката околу рамениците на Томаица и молчешкум го гледаа небото, раѓањето на ѕвездите и заминувањето на последните портокалови обриси.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Молчешкум ќе завиваме во потсвеста на противникот, кој ни го сече патот до успехот на нашата пасија...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Тој само молчешкум ја искриви фацата, па уште од тој момент ми стана јасно дека меѓу нас нема да потрае.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Така излегов од водата, седнав на столчето и молчешкум се изложив на сонцето.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
- Оф, леле, не е на арно - офна мајка Јаглика, невеста Трајаница - Не е на арно, Ѕвездо мила, ама ќе чекаме да се искачат дедо и баба... - Двете гушнати молчешкум се загледаа прудолу.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)