молневит (прид.)
„Чиј беше тогаш тој глас?“, — се праша Митре и со молњевита брзина си одговори: „На бацка Петрета“.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
По оваа молневито свршена работа, стариот погледна во врзаната Анѓа, го испушти крвавиот јатаган, ги рашири рацете за прегратка и се стрча кон неа, ја прегрна и почна да ја целива по крвавото лице.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Со молневита брзина се пренесе веста дека каурите од Мариово го нападнале кадилакот, и од сите страни се стече кон него сѐ што беше Турчин во градот.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Со молневита брзина се разнесе по сите мариовски села веста за вчерашниот напад и со иста брзина се дадоа наредби за одбрана, та како Чебренскиот така и мостот на Светецот на време беа поседнати од по стотина селани, одделно од постојаната одбрана, сите беа готови да се борат на живот и смрт со напаѓачите.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Молневита студенина му преминува во телото. Побледнува.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Но тоа е само молневито сеќавање.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Никогаш така не сум трчал по угорница: зазбивано и молневито се пробивав низ калливи трапишта придржувајќи се со рацете за шибјето отстрана.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Хм, нешто нѐ штрекнува во слабина, се наежуваме и наеднаш молневито и исплашено се ослободуваме од таквите мисли.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Како и да е, господинот Сенка никој (што значи и: никогаш) не успеал во потполност да го опфати со поглед; само ненадеен трепет во мракот (црно преку црно), пред да се заспие, слично на одвај чујно мавтање на лилјак - нешто необјасниво но страшно; или молневита трага од крајот на долгата црна наметка што се губи зад некој агол, и тие чудни сеништа (од уште почудни светилки?!) по старите и мемливи ѕидови, тогаш кога минува господинот Сенка.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Таму каде што претходно живеевме вриеше од оние плочести, темни, влакнести лебарки, молневито брзи, а сепак сосема добро видливи кога исплашени од кујнското светло исчезнуваат меѓу подните штици и низ пукнатините на подот; во оставата една речиси дури ја бев фатила со прсти пред да избега фрлајќи преку скробот сенка, слика на исплашеност во мојата рака.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Се појави ненадејно и молневито пред француската читателска публика: три од неговите романи излегоа, еден по друг, во издание на угледната издавачка куќа „Фајар” - Времето на козите, Татковите книги и Атеистички музеј.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Тој космички миг на среќавањето со мртвото тело на Рацин на плоштадот, покриено со знамето на земјата, на неговата земја за која живееше, страдаше и пееше, тој молневит душевен потрес, таа отворена рана, страдалничка, на елегичните стихови на неговата Балада што нѐ сплоти сите во плач и липање беа, можеби потсвесно, но длабоко во чувствувањето и мислата оној никулец што ги откриваше како еден нов, дотогаш непознат свет на болката на постоењето и на убавината на зборовите, мојата чувственост, мојата приврзаност и определба за поезијата.
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)
Веста за државниот удар молневито се пренесе насекаде.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Со десната нога му го изби од рака, го фати за коса и молневито го повлече на страна.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)