молекуларен (прид.)
Нашето хоризонтално лудило, она на генетската конфузија, на измешаните прописи и мрежи, на биолошките и молекуларните аномалии, она на автизмот - спротивно на некогашното „вертикално“ лудило, психичко лудило, трансцедентално лудило на шизофреничарот, она на отуѓеноста, на немилосрдната проѕирност на алтеритетот.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Со други зборови, според моето гледиште не може да постои тековна општествена промена без конструкцијата на нови видови посакувачки субјекти како молекуларни, номадски, и повеќекратни.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Разграноците на оваа технологија, како што е Валдерновата авантуристичка игра, не треба да ни го одвлекуваат вниманието од тековните примени во молекуларната биологија (скратување на молекули со помош на вид и допир, во воздухопловната симулација, медицинскиот тренинг, архитектурата, индустрискиот дизајн.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Во блиска иднина, методите на информатичката технологија, молекуларниот инженеринг, биотехнологијата, нанотехнологијата и квантното дигитално програмирање, можат да овозможат создавање на материја, целосно детерминирана од индивидуалниот ќеиф, стил и сезонската мода.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Шампион е во дигање тегови, шампион е во возење мотор, а и апсолвент на молекуларна биологија.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Присуствуваме на паниката на една моларна патријархална организација на „единство”, која веќе не знае како да ја одржи на едно место старата структура на општеството и да ја препречи новата, молекуларна, која се навестува и наспроти патријархалната волја.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)