мозок (м.)
А тој: „Не ми го испила чавка мозокот, да земам таква, па да ме рани со муви.“ И ја оставил.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
А никој не седи, ако не работи со снагата работи со мозокот!
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
На Доста крвта ѝ зовре во мозокот, и уште сред куќи го бапна котолот од глава и ѝ се загна на Митра, која, како кабаетлија се здрви, просто не можеше да мрдне.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Срцето ме влечеше кон стихијна романтика, мозокот бараше излез од неизвесноста.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Погодуваше како врел куршум кој на чуден начин уште еднаш експлодирува в мозок.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Во него се мешаа безброј чувства, го кинеа, риеја по неговиот мозок, се бореа меѓусебно за превласт.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Огнометот растеше и го гореше мозокот, завршуваше пред границата на еден отпор.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Јас веќе не бев цел човек, јас станав две половини. Срце и мозок.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Мозокот сакаше да ги претвори во убијци додека во нив длабоко беа вкоренети жилите на животот.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Трајко побледе. Крвта му навре во мозокот.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Затоа околу Отец Симеон пулсираше сѐ со мака, сѐ се движеше чудовишно и без логика, сѐ беше управувано од неговиот мозок.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Болеа зглобовите и спомените. Болеа до срж Никола, Марија, една продувана војна и сѐ она на што мислеше и од што мозокот му беше врел, зовриен.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Се сети: кога еднаш на еден свој пријател му рече дека науката не го занима, не знаеше - еднаш (во овој ден) тој ќе ја презира таа наука, еднаш (денес) стегнат во избледена кошула за опасни лудаци ќе почне да се плаши од затемнување на сонцето во својот мозок.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Тие стигнуваат до неговиот мозок.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Навлегуваше во неговиот мозок една јаснина како да излегол од хаосен мрак на светлосна згорнина.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
„Праведна казна, праведна казна“, сврдлееше оваа мисла во мозокот на Арсо.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Во себеси, во некој дел од својот мозок, тој, како што велеше, носи часовник кој никогаш не запира, што никогаш не изневерува.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Чакарвелика се печеше овде на сонце и се плашеше од зимата кога ќе треба да се прибере во анот усрамено да го слуша кркањето на вратите и душемињата дури во мозокот.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Сакаше да ја симне пушката од рамото, но рацете не се потчинуваа на наредбата од мозокот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Се скинаа жилите од Мисирлиовите раце и тој падна онесвестен врз лопатата жар и курешниците, чија смрдеа му го размати мозокот и изгуби свест.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)