модернизам (м.)
Зад ова шовинистичко тврдење стоеја идеолошките мотиви на Студената војна; “нашата” апстракција, нашиот модернизам, нашиот формализам станаа индикатори дека САД беа на прво место во светот.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Модернизмот беше апстрактниот сакрамент на векот.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Модернизмот, на пример, многу сакаше да ги стилизира нештата до смрт.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Ја рехабилитира марксистичката традиција; значењето на Грамши и Лукач и во Русија; наследството на Mikhail Lifshitz кој беше непомирлив критичар на европскиот модернизам.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Во култура - каква што е нашата - која допрва ќе го проживува својот модернизам, форсирањето на Енди Ворхол како некаква историска пресвртница, можеби и нема да најде соодветен одглас.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Кога авангардните движења пропаднаа, општествено конструктивните погледи во уметноста паднаа во немилост, што го предизвика општествениот ескапизам на ортодоксниот модернизам и доведе до криза на темелните вредности во периодот на постмодернизмот.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Сѐ друго: модернизмот, постмодернизмот, новата архитектура, уметничкиот експеримент, сето она што отстапува од познатото, а особено џезот („чукање со нозе кое го гази македонското битие“), во овие кружоци се смета за – слабеење на државата.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Го исполнуваат со суштествени факти за маркантната природа на двократните импресионизми, на модернизмот.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)