мобилизација ж.

мобилизација (ж.)

„Знам, вие не сте Наполеон. Вие сте лекар. Мобилизација во името на кралот и татковината.“ „Лекар, точно“, рече изненадено.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„Еве ти покана за мобилизација... Потпиши се дека си ја примил“.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Не помина многу време по свадбата, стаса наредба за мобилизација: досегашната држава, рекоа, не беше ваша, оваа е ваша: за неа ќе давате војници.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Однадвор слушам: — Италија ја окупира Албанија, нападната е Грција, Костур е веќе згазен! Мобилизација, мобилизација!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Од средината на мај до август 1941 година главната активност на четниците се состоела во планирање за вршење на мобилизација, собирање и уредување на скривници за оружје и муниција, опрема за врска и друго.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Во извештајот до штабот на СОЕ во Каиро ќе истакне дека „заземањето на овој град и партизанскиот марш што следуваше преку Источна Македонија даде огромен потстрек на движењето и беше темел на успехот на мобилизациската наредба издадена неколку месеци покасно“.136
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Наскоро почнаа мобилизациите и една вечер и Јехуда Давидовиќ доби известие со наредба да се јави на мобилизациското место.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Бугарија која се спремала за “ослободување” на Македонија извршила најголема мобилизација во делот на Македонија под Бугарија и од големата македонска емиграција во Бугарија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Османлиската Империја тоа го оценувала како мешање во нејзините внатрешни работи и извршила мобилизација на својата европска војска.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во септември 1947 година, по партиска одлука, Маркос веќе ја имаше завршено мобилизацијата.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Значи, туѓоста на зборот требаше да ја предизвика митската сила на пораката за да се постигне поголема мобилизација на масите се надоврза Татко.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
По завршувањето на мобилизацијата, Захаријадис го свика Третиот пленум на ЦК.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Наместо тоа, таа мобилизација создава полиња на практика и чувствување што ги исцртуваат можностите за контакт или сооднос помеѓу културните форми и нивните публики, нивните потрошувачи и нивната јавност, а кои се пренесуваат од една на друга генерација.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)