мнение (ср.)
Но ако имавме ние морално право да бараме од претставниците на европските држави во Македонија точно и непристрасно да ги осветлуваат своите влади и европското општествено мнение за работите во Македонија, тогаш наш морален долг беше да сме и ние осветлени за европските интереси во нашата татковина, особено за интересите на балканските државици.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Тој естаблишмент имаше можност да ги искористи моите знаења во едно организирано културно профилирање на јавното мнение.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Се прикажуваат како она што не се, ги штитат интересите што не се интереси на воспоставување снажно, објективно, културно јавно мнение - а тоа би требало да биде единствениот нивен интерес: со своето постоење да ја елиминираат силата како аргумент.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
И сѐ најнапред треба да се свари во ретортите на сопственото мислење, во форма што на овој степен од развојот нашето јавно мнение сѐ уште не може ја инкорпорира во градбата на својот цивилизациски модел; но кога работата ќе зоврие во вас, таа веќе е тука.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Демократските традиции на францускиот народ и силно изразеното прогресивно мнение се сметале за извесна гаранција дека атентатите ќе наидат на поголемо разбирање во Франција отколку во било која друга голема сила.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Го насочуваат низ согледбите и ставовите креирајќи го јавното мнение како коректор на општеството и на неговиот вредносен систем.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)