млечка ж.

млечка (ж.)

Без беспризорните, широчината изгледаше гола како прелог без диви тревки, без оние жолти и виснати од жега млечки, сите и сите со иста судбина.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ги мијам со водата од оман, од петопрас, од копиден, од смил, од млечки, од ајдучка трева и наваличе, тики од потканатица, од прешлига, од среќа, од троска и од придавка, од трева кромидарница, и од краварига, од боливач и од наѓезмо.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тоа поладне нешто се случуваше. Од гранките на врбите паѓаа секакви птици и се вкочануваа, пеперугите и вилините кончиња се распаѓаа, иако штотуку ги рашириле крилцата, млечките свенуваа.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Марко се свртува и гледа: разградено е лозјето, по меѓата расте млечка и ниска капина, малку погоре се накрева камењарот до подножјето на суриот рид, а над ридот одвај се мрежи бледната синевина на небото, во која секаква појарка мисла избледува.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
4. Меѓусвет: габи Нивните форми ни сраснуваат за погледот и се огледуваат, привидни призраци, во воздухот: чадорчиња затворени со сласна слузокожа во бела мека лека обвивка памучни жизнерадосни белутраци млечни фереџиња повлечени, со тек на време како лажни ветувања демодирани манири на постоење; дволики појави, многуглави ламји - сенките предвреме да се насетуваат со флуид на влекачи и глодари за да биде кошмарна прошетката да има наезда на невестулки да има сѐ на претек: царски ѓубрарки, сончарки или „кукмарки“ (име за сѐ!) галапки, пупавки, млечки, рујни рујници јајчарки со боја на манго на папаја, јапонско лале или јаболко летни вргањи распукани како петици како суводолица збувнати небаре херпес по грозница.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)