мласка несв.

мласка (несв.)

Однадвор идеше малаксано џангарање во тенекиени садови, искинати разговори, плискање на чорбата во садовите и мласкање со уста.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Качакот ја држеше главата провисната, гледаше в земја, сонцето го пржеше по темето, му облетуваа муви и инсекти околу устата што му пенеше и му гореше за вода, напинаше на јажињата со кои беше врзан да ги скине; гледаше во луѓето собрани околу него, гледаше во езерото што ја заплискуваше водата и со јазикот мласкаше, стружеше низ устата која сѐ повеќе му се сушеше; се вртеше и го бараше Делина да дојде веќе, да му го забуца куршумот и да го спаси од овие маки.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Човеколиките мирисаа на животните со кои живееа, се разбираа со нив на древни, диви јазици, со крици, шушкања, мласкања. . .
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Матвеј Николаевич стоеше бос, наведнат над заспаната ќерка; неговото лице беше вкочането сосема блиску до градите на Наташа; на Вадим му се причини дека тој мошне смрдливо и чкрипаво мласка.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Трифун и Сотирчо малку се изненадени, запират пред нив и туку мласкат со устите без да пуштат глас, додека една од девојките, помалечката, не им се врекне Што не си одите кај татко ви и мајка ви? Или се загубивте?
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Лествичникот повторно мласкаше со долната усна во грозната тишина што настана, оти параболата што ја кажа Филозофот ги плени сите, а особено логотетот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Настана тишина гробна, во која само се слушаше како отец Стефан Лествичникот мласкаше со усната, во небрано ставен.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Обично го мласкаат својот живот што се протега од турцко до денеска.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Дончо не ја ни погледнува, дури не го насетува ни прстот насочен на кај него, спокојно срка од гравот, пика големи залаци леб во устата и низ мласкањето стркалува по некој збор Каква гулема вода, сиво платно шо го м’кне некој невидлив чичко!плитката вода му дошла до колената, ама се сетил на предупредувањето од Митра и се повратил, што се однесува до змии и такви нешта вели Ми стапот во моите раце?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Само продолжија да мласкаат.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Дино и мајка му смирено мласкаа и набљудуваа.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ме разбуди мласкање. Почувствував влага и топлина на увото, како од Дино кога сред ноќ бараше нешто.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Очите ѝ забележуваа сѐ, и сега таа ги слушаше вообичаените звуци, за кои обично не беше свесна - ѕвечкањето на ножовите и виљушките кога ги допираа чиниите, мласкањето на усните што џвакаа и клокотењето на виното додека го сипуваа во чашите.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)