млака ж.
млак прид.

млака (ж.)

А сигурно нема да имаш ништо против ако начекаш и некоја дива свиња, да ја пречекаме да помине тука, еден од оние самјаци, што не водат сметка колку е висок снегот за да продолжат да се прошетуваат од една млака до друга, што продолжуваат и во зимните ноќи да ги откопуваат корењето од папрадот и од другите билјачки; а може да се пречека и некоја нивна сурија, што поминува и го остава по себе пооран сиот снег.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кога изоде доста пат низ таа шума од огромни дрвја, што мируваа над него, целите бели и забиени со своите стебла во снежната земја и кога беше сигурен дека тука, пред него, во следната долка, се наоѓа најголемата млака, а дирата сето време досега, како стрела право го водеше кон таму, тој знаеше дека сега ќе мора да ја напушти широката патека, по која беше толку лесно да се чекори.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Правеше сѐ, што беше потребно, за да го затекне самјакот на легало, или пак како продолжува да го разнуркува со својата долга чуручка црноземот по млаките.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Некогаш тука имаше едни млаки Една воденица зад млаките висока бреза среде гробиштата птици што разговараа со неа на нејзиното наречје перачка на јазот со црвени коленици и голи дојки сонцето што ја поземаше за раце и ја вглобуваше нејзината сенка врз ѕидовите и вратите на домовите како живо писмо до сѐ што ќе се плоди низ иднината...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Некогаш тука имаше едни млаки Една воденица зад млаките висока бреза среде гробишатата, бели коњи и песна на момчиња што надоаѓаше како молитва на ангели распејани по небесата.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Далечната капавица го довикува движењето на тркала во калта по шумски патеки во подмолни млаки.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Напати ќе ни се затркала од ридон во присојон, од под млакине горе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Полека темното слегува кон долината и го потиснува здивот што се таи во млаките.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Од чардакот на нашата стара куќа, која во последните години со жена ми Агна ја услагодивме за живот - го подредивме чардакот, ги сменивме диреците и веќе скапаните штици на подот, ги обновивме искривените рамки на прозорците, ги варосавме бело собите, ги урнавме, со голема тага, гнездата на ластовиците, ставивме тешка спорогоречка печка за топлење зимата, го проветривме тешкиот метален сандак кој го имаше задржано мирисот од пред седумдесет години кога бил донесен од Америка - гледам како се спушта пределот кон долината од чии млаки се креваат пасма пареа кон небото.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)