миротворец (м.)
Додека „трчавме“ низ Версај, подолго останавме во оној салон каде што е потпишан Версајскиот мир и каде што на парче зелена масае скроена судбината на македонскот народ, каде што версајските „миротворци“ Македонија ја парчоса на три дела и им ја дадоа на три балкански држави како да сакаа само со потписи да го збришат постоењето на еден цел народ.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Тој одговори: - Арафат со мировните преговори и договори во Осло, со избраните израелски миротворци, од тој период беше свесен дека тој го правеше само првиот чекор во своето враќање во Палестина. Другите чекори беа препуштени на судбината...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Метакот, пак, немаше скршен денар во џеб и беше класичен пролетер, а одењето во затвор само би му ги кренало акциите и би станал македонски Тупак, но знаеше дека Шајчевска блефира и си ги крева сопствените акции, а основ за тужба има толку колку што Обама е миротворец.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Осврнувајќи се на националноослободителните борби на македонскиот народ, тој посебно се задржува на перспективите на Македонија по ослободувањето, бидејќи тогаш „македонскиот патриотизам го достигнал својот врв“, што предизвикало „големи тешкотии за миротворците“, бидејќи „од два и пол милиони Македонци, само еден милион живеат во границите на југословенска Македонија“, а остатокот „сѐ уште се наоѓа под грчка и бугарска управа“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Јана ја почувствува напнатоста и ја презеде улогата на миротворец.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Ама, нејзе од Бога ѝ е дадено да биде миротворец, па со стутканото малечко во прегратка, им се сипува на двајцата.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Блажени се миротворците, зашто тие ќе се наречат синови Божји...“
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)