мировен прид.

мировен (прид.)

Мировниот совет настојуваше да најде разбирање кај еден или кај друг да не дојде до пролевање на крв.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Знаеше за султани и паши, за паѓање на династии, за движење на војски, за мировни договори, за дервенџиската улога на Маказар во еден период, за шумските стопанства, за поплави и пожари.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Алајко Ошев и Митре Ирчев, луше од власта и на власта, едно јулско утро измазнети, стокмени, со црвени вратоврски, утлеисани, со б`снати чевли, со чанти во рацете го чекаа џипот за да ги однесе во планинското село Ошево, како членови на Мировниот совет, како авторитетни помирители, но не и на војување (војната ја поминале „во позадина“).
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Од македонска страна, пак, тој можеше јасно да им порача на сите тие дипломати што со денови се среќаваа со него дека во моментот не гледа некоја партија што сериозно се ангажира во афирмацијата на мировниот процес, ниту меѓу албанските партии, ниту меѓу македонските, освен, се разбира, неговата.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Потоа, претседателот излезе во јавноста со мировен план.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Македонија е единствен центар и претседавач на мировната конференција.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Мировните преговори биле водени во Букурешт во август 1913 На 10 август 1913 мирот бил склучен.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Им благодарам на д-р Волфганг Суцл од катедрата за Мировни студии при Универзитетот Инсбрук во Австрија и Арон Леви, куратор на павилјонот на САД на Венециското биенале на архитектура 2008 и професор на Факултетот за уметност при Универзитетот Пенсилванија во САД, за нивната концептуалната поддршка при работата на текстовите во оваа книга, од рафинирањето на првичните идеи до нивните информативни коментари во разните фази на работа врз текстот.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Но мировниот процес ќе биде брутално прекинат со поразот на Лабуристите на парламентарните избори.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Јасер Арафат со својата мировна фаза ќе верува во спектакуларен успех, за многумина тој беше престанал со самоубиствената стратегија која дотогаш го обележуваше неговото владеење.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Пировата победа на Арафат ќе го доведе според словото на мировниот договор во Осло, во својата малечка Палестина, во Рамалах.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
 8 – Четврт механизам, од 2005-та, е спогодбата т.е. „компромисот“ за доверување на настанатиот спор на специјален ‘мировен совет’ составен од три члена, од кои по еден определуваa работодавачот и работникот – доколку стануваше збор за индивидуален спор или, пак, на ‘арбитража’ – доколку стануваше збор за колективен спор (чл. 182-183, ЗРО/05).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во мировните преговори, САД повеќе беа заинтересирани со појавувањето на новите нации во Централна Европа (т.е. Полска и Чехословачка) отколку за прекројувањето на политичките граници на југоисточна Европа и за формирањето на Кралството на СХС / Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Според него, „овие два сојуза би претставувале мост на хармонија меѓу Русија и Западна Европа и мировни авении сосема различни од вештачки формираните држави, оформени од големите сили во текот на војните.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Македонскиот национален идентитет беше потиснат и преживеа за време на овој период во којшто географска Македонија беше поделена меѓу соседните балкански држави во 1913 год. со Букурешкиот мировен договор.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Султанот и неговите конзервативни пријатели, во октомври 1918 година ќе се претстават како единствена способна сила да го потпише мировниот договор која би го овозможила преживувањето на една веќе совладана Империја.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Врз основа на мировниот договор помеѓу Англија и владата во Анкара за размена на затвореници, ќе биде најпосле ослободен Татковиот вујко Али Фети.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Воведена е и забрана на штрајк во Министерството за внатрешни работи во воена, вонредна или кризна состојба и во Армијата на Република Македонија во воена и вонредна состојба, како и во случај на извршување меѓународни договори што се однесуваат на вежбовни активности, обука, мировни или хуманитарни операции.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)