милостив прид.

милостив (прид.)

Последниј ѓумрук, што е немилосердие, санкиј кој не е милостив и кој е срдит.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
И веднаш ќе се обратеше кон некоја жена, мрдајќи со русата брада, а во влакната трошки: - Мадам, милостива, пардон.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Реферира везирот уште за сума писма од полководците на исток и на запад по средоземноморските брегови од каде што идеа само поволни извештаи – од победи кон победи и најпосле, со извесно потценување, правејќи гримаси како за нешто безначајно, изусти: – Еве, милостиви господару, и една ситна работа, ако ми дозволиш да ти доложам.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Секој ѕид и секој камен го престориле во молитва и писмо и сега коленичат пред нивниот најмлад Бог Молоховски пеејќи му: О, милостив боже за извесно време избери си друг народ зашто ние сме веќе изморени од смрти и трупови и немаме веќе молитви наш милостив боже за извесно време избери си друг народ!
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
На оние што сѐ уште се подготвени налутено да се присетат на „турските ѕверства“, ќе им одговори Владимир Соловјев: „Турските ѕверства ние ги помниме, а зарем одамна во Русија, па и во другите земји, сопствените турски ѕверства исчезнале?... а што се однесува до вашите христијани и нехристијани, за жртвите на сите ѕверства la question manque d’interet (прашањето е лишено од интерес): ако мене некој ми ја гули кожата, јас нема да му се обраќам со прашањето: од која сте вие вероисповед, милостив господине? - и ни најмалку нема да бидам утешен ако се покаже дека луѓето што мене ме мачат се непријатни и неугодни не само за мене, туку згора на тоа, како христијани, гнасни се и за својот сопствен Бог, со чиишто заповеди се подбиваат“. 10.08.1992.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Го отфрлаат Бога зашто е недоволно милостив кон луѓето што страдаат.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Така беше, милостив господару, со божја помош и желба Негова.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Таа секој ден, откако ќе се измиела, откако ќе ги тргнела пердињата од очите, влегувала во Телото Исусово, за да си ја успокои душата, за да се освети и просветли, повторувајќи молитви искрено, чисто, простодушно: Господи, Боже наш, Ти кој си на небото, Создателу на земјата и на сета твар, Ти кој гледаш сѐ и си милостив и си жалостив и си справедлив, спаси ги душите на народецот наш и мојата молба услишија, ангел стори ме, во ангел престори ме; Господи, Оче наш. Алилуја.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Не, ништо не знам како размислувал тој син на Пајко, Бајко, или Тајко, кого љубел, кого не поднесувал, бил ли образован, дарежлив, љубопитен, милостив, бил ли препреден, наивен, зол.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Бидејќи бил богубојазлив и бил милостив, си го зел детето в гемија.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Тој, „штедриот и милостивиот Мустафа-бег”, како што стоеше во документот, „пред светлото и чисто шеријатско заседание, го изведе тужениот брат Иса-бег, гордоста меѓу заповедниците, сопственикот на големи знаења, мајданот на милоста, гордоста на државата и верата, и против него кажа дека целата задужбина, имаретот и медресата, и двата амама, селаните и книгите, зградите, нивите и бавчите, дуќаните, и сето друго - нему и на неговите браќа Иса-бег и Паша-бег им останало како заедничко наследство”.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Премила, златна светице, ти ја знаеш болката на секоја мајка, биди милостива и спрема мене”.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
На генералот, којзнае зошто, ваквото обраќање му се сторило фамилијарно. - Па што ви е, милостив господине, и натаму зборуваше отсечно, зар не го знаете редот? каде сте влегле? не знаете како се одвиваат работите?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Блажени се милостивите, зашто тие ќе бидат помилувани.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)