милозвучен (прид.)
Туку дедо Геро ќе го извадеше кавалот од појас и ќе го разлееше неговиот милозвучен глас тивко, жално.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Во тој миг се слушна милозвучно пеење: „Еј, мирисни цветенца, пожолтени листенца, еве, брзам, идам, - идам да ве видам!
„Градинче“
од Бистрица Миркуловска
(1962)
СИТЕ НИЕ САКАМЕ да излеземе во природа, да најдеме; негде свежо, чисто изворче, чисто зелено полјанче, пријатна сенка, па да се одмориме, да се надишеме свеж воздух, да се наслушаме милозвучни птичји песни, да се нагледаме убавини.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Доаѓа Богдан до нивата каде што мајка му го роди и легнува на меѓата под грмушката каде што го пуштил првиот глас и го облева чувство како повторно да се раѓа; ги дише тревките и билките околу себе чувствувајќи ги како мирис на мајчино млеко; гледа во сонцето што се провира низ гранките над него и му блеска в очи како тогаш кога се роди, го слуша пеењето на птиците како да го прославуваат неговото повторно раѓање; слуша крај него кркори браздичка со вода како превртена стомна; слуша во далечина ѕвон на стада овци и добиток, милозвучен што ја разнежува душата; зеленилото му ги исполнува очите со спокојство и милина.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Досега гласот ѝ беше мек, зборуваше полека како по ноти со милозвучен звук.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Но кога Кијмет ќе забремени, и кога самата без ничија помош ќе се породи, наеднаш ќе се случи чудо: од собата на Кијмет ќе се слушне „блага, милозвучна песна, со убави зборови на турски јазик“.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Кога една квечерина таа наближила до прозорчето од собата на Кијмет, за да ѝ подаде нешто за јадење, од собата слушнала блага, милозвучна песна, со убави зборови на турски јазик.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Татко сега малку го смени тонот, излегуваше од милозвучниот круг на љубовта која Мајка веќе си ја чувствуваше триејќи си го, на десната рака, венчалниот прстен.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Пела со восхит зборуваше за учителката, за неа таа била друга Богородица, сите дечиња за неа биле деца мои, исто како што ги нарекуваат нивните мајки, ја слуша и открива дека гласчето ѝ е милозвучно, лицето насмеано и мило, а тој само понекогаш ќе речеше дека не знае каква е неговата учителка, дека за тоа и тоа тие досега не зборувале, или дека нему подобро му е крај големата река отколку да оди на училиште.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Сфатете, предупреди еден меѓу нас
кога народот ја претчувствува
мемлата во говорот, офтиката
несомнено насетува неслобода
осој, таму кајшто треба да припекува
слободата на зборот и мислата
сласта на грлото кога го испушта
гласот милозвучен
ништо подлабоко во човека не пробива од јазикот
во него е сѐ она што по којзнае кој пат било
не само овде и не само во нас.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Срипувам од креветот како попарен, правам сплет шпаги, набрзина мијам заби со четка за нокти, ставам гас-маска за да оставам подобар впечаток, те со растреперени раце кревам слушалка и со милозвучен и правичен глас велам „Ало?“
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Или да отвори приватни гробишта за миленици, со капела во кои би се пуштале пригодни песни за една таква, тажна пригода, на пример песнички во кои се велича верноста на песот и милозвучниот глас на папагалчето, и би се раздавале коски и мешани зрна со сипа за душа.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
За тебе во зелен мундир За пролетните пољани цветни За полжавот што по дожд се буди За милозвучните кларинети За мрзеливиот и оној што се труди За славните химни и сонети За оној што љубов ќе понуди За старите ковани монети За оној што неправедно суди За луѓето – марионети За констелациите чудни За сладоледи во корнети... 2008
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
Но голем дел од звуците што ги испуштаа птиците, таа не можеше да ги разликува, кој звук од која птица доаѓаше, а меѓу нив беше и прифатливиот милозвучен звук полн со страст што го слушаше сега.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Со него го удираа дивјакот, а овој, откако ќе крикнеше од болка, почнуваше да ја пее омилената песна на тој што го удрил; и тоа со милозвучен човечки глас!
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Нему тоа му беше толку многу мило, што му се чинеше дека чувствува како слуша милозвучен пој на пролетна птица.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Стројна, витка, со бујни гради и женственост. Харизматично милозвучна боја на гласот.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Низ растурени крошни од зрело класје, штурецот мелозвучно од утро до вечер пее, ли пее уморно селанецот, клас по клас житото си жнее...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Милозвучноста на измешаните младешки гласови не стасуваше до ушите на Рада.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Ретко или речиси воопшто не се појавуваше на екранот, но затоа ушите на слушателите гледачи, речиси, веднаш ја препознаваа милозвучноста врзана за репортажата.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)