микрон (м.)
И во моментот кога бев, мерено со микрони, сосем близу целта, одеднаш отпозади, за околу вратникот перверзно ме зграпчи некоја недефинрана сирова атмосферска сила, ме издигна од столицата и едновремено влакнестата горилска шепа ме лансира меѓу ѕвездите.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Ако се помести за четврт влакно... да се мрдне само за микрон, да се погледа низ него, тогаш е готово! доста е! се останува проклет за цел живот!
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)