мигум прил.

мигум (прил.)

- Сега веднаш, веднаш ќе ги доведам, чорбаџи Панде, - се протегна тој, ги зеде парите и мигум, нишајќи со својот голем стомак, тргна накај големата анска порта.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Панде мигум погледна накај чардакот и виде сѐ што и мајка му.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Мигум почувствува дека паѓа некаде ниско здиплен и тежок.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Побргу! - му вика таа. Арсо мигум се најдува зад Ана.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Страшното рикање на брановите, таа силна бура онаа ноќ кога дојдовте на свет, тој голем страв, неизвесност, се губи мигум во оној час кога вашето светло, леко крило ќе го допре маѓепсниот бескрај на пространството.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Потоа клопчето мигум се размотуваше и секој одделно сосема сам појадуваше по некаков свој правец.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Мигум се најдов во Сеул колку да сум сигурен дека навистина можам да бидам некаде.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Планината мигум ја губи насмевката на денот, помодрува, поцрнува.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И татковиот пријател Чанга, кога разбра за името на нашата коза, мигум остана зачуден, но никогаш не ја доведуваше во прашање татковата чесност, што и да слушнеше за него.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тој мигум го погледна секретарот. Се разбраа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Мене нешто мигум ме пресече во свеста, цел еден систем проработе во мене.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Мигум ја земам чашата вода пред мене.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Стануваше мигум дел од големата ментална направа за измачување, насочена кон посочената жртва, во големиот жртвен процес кој беше зазел во земјата синдромски димензии и од кој не можеше никако да се ослободи.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Татко го промени мигум изразот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Неговиот поглед мигум го пленеа јата птици на заминување.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Зборовите на Јагулчета, макар не толку чујни за другите, ја нарушија мигум тишината.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Тоа дете, подоцна низ годините, ги виде по целата земја кулите и градовите, ги виде и островите со заливите и пеперутките, само скриеното си остана скриено, и тајното си остана тајно или само наѕрено, мигум насетено.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Мигум помислив, како со Агна со години ја дотерувавме и ја чувавме, како што се чува најмилото.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Врвејќи крај ѕидот, се видов мигум во огледалото.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Пелагија запира малку, ја поткрева главата, врз лицето ѝ паѓаат првите студени снежинки и наместо да ѝ одговори на Чана, друга мисла го зафаќа местото во нејзината глава, дека може заради оваа промена што мигум се случува таа го имала тоа ни добро ни лошо треперливо неспокојство.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Повеќе