мивка (ж.)
шишенца, кочанки, чешлиња, мивки, сапунчиња, гризнато овошје, коски, пердуви, распаднати метли и износени опинци, и ги носеше некаде со себе за пак утрината да ги врати и да ги остави на брегот; гледаше кон шеварот и трските во езерото во кои се размножуваа сите водени птици и кои крескаа како нечисти тешки и гадурии, што тука, во старо време се криеле: змеови, азџери, стии, ламји, вештерки, улавици, гидии, сеништа, ветроштиње, таласами, нави, укалци, катари, улери, буици и други сакатури,
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Ко мивка, ко струшка да имам в уста.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Подоцна некој ги пронајде и гаќите. Во кујната ги употребиле за мивки...
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
А вртам со јазикот, си ја влажам устата ко со мивка.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Одам: лева нога, десна нога, не знам која нога ќе ме задоцни. Мислам: мивка, бришка сум станата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Само се насмевнав: „Е, како да сум јас онаа која ги распознава мивките од чесните жени па дојде мене да ми го раскажеш тоа.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Рајна дојде и ми вели: „Замисли си, на гробот на Генералот, по повод годишнината од негова смрт, дојде и онаа мивка од куплерајот, онаа Сузи, или како ја викаат уште, и место внимателно да ја слушаат божјата служба сите гледаа во неа, се разбира не жените туку оние другине.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Таа негова вујна Манасија воопшто не личеше на сладострасната мивка што се обиде горе во Кулата да ни ја прикаже Бундев.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)