меќава (ж.)
Ова е, конечно, тој град, тие мостови, тој татнеж сама вистината кога чекори тука среде меќава метафори.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Бев во голема невола: ми претстоеше итно патување; еден тешко болен ме очекуваше во село оддалечено десет милји; силна снежна меќава го исполнуваше просторот меѓу мене и него; имав кола, лесна со големи тркала, токму онаква каква што е потребна за нашите патишта; завиткан во бундата, со ковчежето со инструментите в рака, веќе стоев во дворот, подготвен за пат; но коњот, коњот го немаше.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)