меше (ср.)

Така анџијата Петко си ја нареди работичката и почна да се збогатува и мешето да му расте и да се шири како буренце. „Кому рат, кому брат!“ - велеа селаните.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Го гледам - спие. Знам дека спие, оти му се поткрева мешето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ако му помине од благата вода, си мислам, значи не е ништо. Го заболело мешето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се штрекнувам и од страв така ко зашеметена, ко забудалена ги гледам децата и ги прашувам : - Да не ти е нешто, ги прашувам едно по едно, да не те боли нешто: мешето, главата, устата, устина мои мили!
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
јас сум до тебе, ми вели тој, јас цело време стојам до тебе, ми вели, ами оти не ме браниш од галебиве, му велам, нема со што, ми вели Горачинов, гледаш дека ми се зафатени рацеве, и после како да сме гувееле пред сонцето паднато во водата, се наведнуваме небаре пред свекор, пред свекрва, што се вели, а водата светка, си потфрла тркалца од бела пена, како ситни пари да сум пуштила, да сум фрлила во водата и парите ги собираат плипот деца, а после не биле деца, туку јато риби, изрипуваат нагоре, им светнуваат белите мешиња над водата и тогаш од бродот ми паѓа Горачинов, се провира и ми се губи ко јагула меѓу рибите, јас викам по него, но гласот нерастурен ми се враќа назад; се враќам и јас од сонот,
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ама, кога ќе погледнам кон детето, како го поткрева мешето, како си дише накусо, мислам целата соба мириса на јоргован.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И на раце и на нозе и на меше, секаде.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Му растела на светецот тртката на носот, му растело и мешето.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се буди од парализираното фантазирање, фрагментите се закачуваат за полускинатите постери, сам е во собата, не чувствува глад, брца во скинатиот џеб од туѓите фармерки до него и зачудено гледа во црвената флека на ѕидот пред себе каде три комарци го полнеа своето меше.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Дробејќи ги во своите муциња и гледајќи дали има уште, тие се смешкаа сѐ додека не ги надуја мешињата.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Ги очистија просториите, прибраа дрвца од околу зграда, ги разотворија бовчите и демите, алиштата непроменети во патувањето ги заменија со испрани фустанчиња и фусти и цел ден не му дозволија на ќумбенцето да го излади мешето.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Петра благо се насмевна сакајќи без лафови да ѝ каже дека знае што врти во главата, оти малку или многу, сите знаеја, таа тоа гласно го изговори на гаковската станица, дека врзала семка од Доне во мешето.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Ни не помислува дека секоја тајна, и таа што расте во мешето на генералската ќерка, а и оние другите, што никогаш не поминале покрај нечие меше туку само покрај некој авторитет, веднаш стануваат непријатни приказни и шеги.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се разбира дека она, за мешето го поверував.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ѝ одобриле бањски третман додека да ѝ порастело малото ѓаволче во мешето.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Под врви Анди пасе лама Пека тато, мека мама Бела лама пасе сама Црна лама уште посама Пасе лама, клима глава Росна тревка в меше клава Пози мени, фотки, слава Чифте фрла, сегде мава Делник кротка, сиктер фама Празник бесна, чалам дама Алфа бета пиши гама Узда мека в селска нама Аздис лама прави драма Од сребро сака мека слама Да сркне само два-три грама Козја завист да крене блама Претка лама копа јама Уплав најде древна кама Доста чалам леле аман Скраја крвој аман заман Нејќе лама пиш пиш пиштако Нејќе клања ни ни никако Сака под врв Анди да е Огден Неш Заедно да талкаат пеш и да играат шеш-беш.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Грицкачи со мешиња подуени од светска класика.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
- Каде? праша нивниот нов спасител, ангел чувар со поголемко меше, салам проретчена коса и наочари со дебели стакла.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)