мешан прид.
мешаница ж.

мешан (прид.)

Роден во планинско место каде што живее племе Од смртници смешни: веруваат в Алах и Христа, мешано празници слават; и оџа, и поп на гробиштата заедно исти обреди свештени прават.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
И така, историјата на културниот развиток на народите, во согласност со нејзиниот од, содејствува: или за чисто етимолошки или историски правопис, или за мешан – етимолошко-фонетски или историско-фонетски, или најпосле за чисто фонетски правопис.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Трајко отпрвин се позачуди на оваа Достина постапка, ама во својата простота си извади заклучок, дека жената е добра и радосна што ѝ даде господ „мешана киска“ и си ја продолжи работата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Само таа да нема нејзини, тешко е мешани деца да се чуваат.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
А и грчка ракија купував и некакво кафе, мешано со печен јачмен или со ’рж, а и свеќи купував.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А војниците разни: имало и бели, имало и црни. Мешани.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Им правиме реченици од мешани зборови, ко мешан леб што се прави.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Граничарите нѐ пречекаа со мешано полско цвеќе што го собрале покрај пругата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Брзо стигнаа одговори. Особено беа исцрпни анализите од републиките со мешано население на национална и на верска основа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Полека и недоверливо стануваше одомаќен: острините на неговиот акцент од Бронкс беа измазнети и омекнати до оттегнат изговор, откри дека ‘белата громова’, чиста или мешана со што и да излезеше од тогашниот војнички апарат за пијалоци, е на некој начин исто толку задоволителна како скочот со мраз; сега ги слушаше локалните групи во баровите во соседните гратчиња, толку често како некогаш Лестер Јанг или Гери Малиган во Брдленд.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Имено, се признава дека луѓето поседуваат различни биоритмови и навики и дека со тоа всушност се создаваат и мешаните форми на стиловиве.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ќе можеме да живееме во мешана реалност, кадешто ќе ги гледаме реалните објекти како низ очила за сонце, а истовремено и куп виртуални објекти (тоа би можеле да го наречеме транспарентна реалност - заб. на прев.).
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Во Албанија мешаните бракови не биле ретки.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Мешано“ дете од мајка Србинка и татко Бугарин, тој годините на младоста и образованието ги минува во југословенската федеративна држава: Како гимназијалец и студент, не размислував особено за ентитетот на средината.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Си купивме леблебии мешани со суво грозје да се замезиме. Не, прво купивме семки.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Келнерот веќе им носеше, покрај листата на јадење, и долг подавалник со различни сирења, од млади кравји до биени овчки, преку мешани кашкавали и траписти - по избор.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Мајка му и татко му почнаа кафето да го пијат мешано, пола-пола со наут, оти и кафе тешко се наоѓаше.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Нешто како растурен сендвич: танки резанки мешан кашкавал, уште потанки салама од соја, листови зелена салата и по некоја останата маслинка. Вкусно за око, уште повкусно на јазик.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Гимназијата од машка станува мешана, се сменуваат некои професори, доаѓаат многу девојки од женската гимназија, ама ниедна во нашиот клас.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Или да отвори приватни гробишта за миленици, со капела во кои би се пуштале пригодни песни за една таква, тажна пригода, на пример песнички во кои се велича верноста на песот и милозвучниот глас на папагалчето, и би се раздавале коски и мешани зрна со сипа за душа.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Повеќе