метропола (ж.)
Тој има своја убавинашто го одделува п своите специфичности од другите градови, можеби, како што Париз се разликува од многу други светски метрополи.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
ФРАНЦУСКАТА метропола има најстара подземна железница: метро.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Но, штом се продолжи патот од романската метропола кон Плоешти,или уште подалеку, кон Синај и Брашов, пак доаѓа непрегледната рамнина, која станува здодевна,особено ако асфалтираниот пат низ овој дел на Влашко се минува во топли дни, какви што беа во оваа доцна есен.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
На оваа плејада од современи метрополи на прагот на XXI век веќе слободно можеме да го додадеме и нашето Скопје, кое преку богатиот македонски книжевен летопис, за релативно краток временски интервал, останува наш, но станува и исто толку туѓ, светски Град.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Јунакот доаѓа во големиот град - извесно станува збор за Мадрид, тогаш веќе пропаѓачката метропола на едно светско царство.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Не е значи Херцеговецот никаков валкан мангуп од провинцијата, тој е оригинален фраер од нашата метропола.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
„На Плоштадот и строгиот центар градот има европски изглед - метропола!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Додека со „тикото“ се враќавме по „Партизанска“, си мислев на сегашната кастрирана еснафска фела, туку во „метрополата“ Скопје и во другите македонски градови со долга еснафска традиција, значи – на лекарите, инженерите, новинарите, научниците, уметниците, т.н. „факултетски образован“ кадар, кој, со мали исклучоци, е минимизиран, преку економска присилба, во своите професионални и креативни можности.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Во писмото таа ми пишуваше којзнае по кој пат за талкањата на братучедот Благоја, кој, барем според нејзините приказни, сега се наоѓал во далечните светски метрополи а дека неговите другари за жал станале и премногу алергични на оваа приказна.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Брзина на светлината
- Cour carré -
Како што затвореник излегува на прошетка
под надзор, сам и молкум
да се насладува горко
на дневната светлост
инаку обична, тогаш света;
како што несвесното си го подава грбот
на есенското сонце
да се згрее
а лицето да остане темно, како Месечина
од онаа страна на видливото;
како што затрупаниот бунар
посесивно и со мака
ги чува подземните води
усовршувајќи ја мајсторијата
да ги заташкува трагите
и да создава привид
на секнат извор;
како што квадратот е круг, и крст
и триаголник, удвоен симетрично и синхронично;
како што жената си краде од сонот
за да добие време
за да биде „нешто повеќе";
како што нема добивка ако нема загуба
како што нема сенка ако нема предмет ;
како што медитацијата бара отсутност
при подотворена свест за светот
и душа
а енергијата е материја помножена
со брзината на светлината на квадрат
- така дворот врамен со ѕидини желно
кон небото над Лувр зинува
се простира префинето како акт на Роден
или можеби на сестра му, Камила
со намера да го покаже
замислениот ерос на торзото
видено одзади
метатеза на тихоста
манастирска и метрополска;
- така стихијно надоаѓа тихиот дожд
желбата да бидам во средиштето
на симетријата бесконечен и рамнодушен број
ослободена од суета, од неразумно самољубие
зашеметена од ненадејната рамнотежа
на крстот, на квадратот, на кругот
и да се успокојам, ако веќе морам
оти со толку тревоги од различно потекло
добивам порив да излезам од себеси
а потоа како ќе се сложам и составам
во едно, знам ли?
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Некаде наблизу треба да се вишнее вашингтонскиот обелиск, највисоката градба на американската метропола, симболот на моќта донесен и тука оддалеку, преку помпезниот дух на урбанистичките замисли на Л’Анфан, францускиот архитект и американски револуционер од 18 век, и на градителот на вашингтонскиот обелиск Роберт Милс што го подигнал во втората половина на 19 век – таа извишена тежишна точка на семоќта, пренесена од духот на најдревните градби на денес мртвите градови од фараонски Египет во Африка, преку Париз на ампирот, наполеонската грандиозност и помпезните аксиометриски поставени зданија до кои водат широките булевари.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Пред сè онаа во Тесалоники, Солун или Салоник како што ја именуваа Сефардите оваа балканска метропола, инаку нејзини најбројни жители.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Се чувствувам како селски учител на кого му испраќаат инспектор од метрополата.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Очекува дека во оволкава метропола ќе си ги пронајде неговите места каде што успешно би се сокрил од притисоците што ги носи печалбарскиот живот. Ама, не е баш така.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Како погрешно залепена географска карта од дежурен ученик кој сакал да го сплетка наставникот, стануваше збор за дислоцирана метропола и врвици од кумановските села кои водеа кон неа...
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Често ми велеше, ми шепотеше: „Јас сум војвотката од Третиот кварт на Метрополата”.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Многу светски метрополи имаат улици во кои преку отисоците на дланките може да се види колку славни фаци ја посетиле.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Живеам во главен град, би требало да го викам метропола, а сè уште нема метро.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Разврската мораше да се случи. Беше влажен мартовски ден. Метрополата тромо дишеше под густата магла.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
На периферијата од градот, северозападно од Метрополата, во Дренок, Ниротакис имаше фабрика за текстил (таа беше специјализиран оддел што ги опслужуваше неговите фабрики во Пробиштип и Виница), а Авни својот бизнис го тераше во златарата “Карат”, впечатлива по мермерната фасада, во непосредна близина на фонтаната “Ангел”, во центарот на Старата чаршија.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)