метаморфоза (ж.)
Ние видовме оти во Македонија името Бугарин е последната метаморфоза во развивањето на нашето национално самосознание и дека е резултат на таа политика и општествена положба во којашто бевме поставени од завојувањето на Балканскиот Полуостров од Турците.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Есента доаѓа рамнодушна и дури некако скептична во кругот на самотата што го носи Се постелува преопрезна зад грмушките на видот и чека како итро демнење И не е само тажна метаморфоза на лисјето и подмолен пристан на испокинатите магли што висат од рамената на студот Туку е клопче од многу излитени носии и сива клупа од постојани медитации при кои долго се молчи
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Прелата е ако се смета дека со напишаната песна завршува асоцијативниот круг, метаморфозата на видливото во невидливото.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Тие, потсвеста и времето, низ бесконечни метаморфози, ќе ги трансформираат и репродуцираат визуелниот, колористичкиот и звучниот архетип – во говор.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Напротив. Внимателно проследувајќи го научниот приод кон поезијата и исклучиво од аспект на одредени математички анализи, Соломон Маркус доаѓа до следните значајни заклучоци: - поетското дело е отворено и никогаш не е упатено само кон еден; - поетското дело е изложено на отворена и бесконечна метаморфоза, и тогај кога неговиот рецептор не се менува; - поезијата е носител на континуелна бесконечност на значењето; - поетското значење е рефлексно, инволутивно.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
18. Дали навистина постоела онаа самовилска атмосфера на играта, со прекрасните андрогени играчи, потполно предадени на мигот, додека волшебниот прав се истура врз главите на збунетите дворјани, аматери, воајери што ѕиркаат од страните, залудени од фантазмите на магијата и метаморфозата?
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Моќта кон метаморфозата – да се биде насилен, дрзок потоа без напор ранлив, кревок – во музиката е вродена и поради тоа, што таа, во сета своја валентност, останува женствена, нејзините визии сонувани.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Којзнае: од местото каде што се наоѓа, не е исклучено да може да ја метаморфозира земјата.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Сликовито ѝ опишал како чадорот се претвора во мрша и како кондурите со метаморфоза се претвораат во костури на лице, потоа во ракови, полипи и „гримасирачки работи“, што ги гледал со крајот на окото.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Настанаа асоцијации - не само на Теоријата за одговорноста на птиците; СНН, за кого би можело да се расправа - во филмот има места за различни мислења - блиско е поврзан со успорената метаморфоза на човекот во птица.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Сцената блика во огномет од метаморфози.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
И Татко и Игор Лозински со внатрешната моќ на напатени души во егзилот, силно ги насетуваа метаморфозите во просторот меѓу водите и небото, меѓу богатата езерска флора и фауна и луѓето.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Не престануваше во мислите со споредбата на патот на семејството и со однесувањето на јагулите на нивното патување, со нивните постојани метаморфози.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Игор Лозински сигурно не ја следеше татковата мисла, но ја насетуваше неговата возбуда кога му зборуваше за метаморфозите на јагулите на големиот пат.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Просторот пости
голем Велигденски Пост
или Воскресение: враќање
меѓу мртвите
- метаморфоза.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Во сепарето на демократијата
ќе го читаш синопсисот на
неоколонијалистичките
метаморфози - како се преобразува
терорист во херој.
Софистицираното зло над народите
е симбол на високоразвиените
демократии.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Ја разбрав неговата порака, се преруштив во потрага по неговата француска врска, веројатно таа ќе заврши во нова книга од мојата балканска сага, ќе биде тоа еден вид метаморфоза на француските книги од неговата библиотека во нова книга, во продолжена книга, во жива книга...
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Сѐ повеќе зборуваше за пеперутките, за нивните метаморфози од јајце, преку гасеница, па кукла, до пеперутка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Само неколку часови номадска мисловна осаменост и моите еруптивни мисли и незауздани чувства ќе си го најдат патот, целосна метармофоза на осаменоста.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Не ми се допаѓа метаморфозата во обичноста на светот.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)