мести несв.
местимично прил.

мести (несв.)

Но фронтот не се местеше. Се зацврстиле едните, се зацврстиле другите, и никој своите тврдини не ги напушта.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Подофицерот седнува на воденички камен. Потоа мести парче хартија на колено.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Ама не, бабо, какви овчари? се буни момчето и, божем налутено, го мести реденикот; потоа се присетува и ги открива ретките, бели заби: - Прашуваш ли за Овчаровиот баталјон?
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Поштарот ја подистега шинелата, подобро ја мести капата, спремно чека.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Таа ги мести очилата и право гледа во раззеленетата трева под багремите, над која се просипа златото на сончевите лачи.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Отпрвин побледнува, чиниш студена рака ја зграбува за срцето, загубено ги мести очите час на мажот, час на синот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Младичот често остануваше да средуват заедно по рафтовите, ги местеа ќепенците, а веќе не разговараа само за фудбалските натпревари.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
За сето тоа време го местеше предниот нишан кон онаа вршка на сртот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Горјан и Огнен се фатија за работа. Едниот сечеше дрва со секирчето, а вториот ги местеше и странеше за товарање.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Налутено се сврте од нив и местејќи си ја својата матарка на појасот, продолжи сѐ така со навреден израз.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
20. ЈАЗИКОТ КОСКИ НЕМА, НО КОСКИТЕ ГИ КРШИ - така да беше денеска многу ќе имаше и мрши, но, еве, тој е хуман и друга функција врши: му мести коски на светот за утре да ги скрши...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
На, гледај...“ ги вади од долапот и ги фрла пред неа; прва фотографија: Профим со жена си Профимица; таа е со испупчен мев, трудна; крај нив се сите четири ќерки: Царјанка, Девица, Венера, Андромеда; облечени која како се нашла во моментот кога сликарот дошол; зад нив: плот со оретчени плотици на кои стојат наврени празни грнчиња, стомни, чупки; дрво што се превиткало и со едниот дел влегло во фотографијата; Профим со поднакривена шубара и исшилени мустаќи подвиткани нагоре; едната рака ја држи префрлена на рамото од Профимица, а со палецот од другата рака притиска на малото џепче од копоранот; Профимица е забрадена со шамија тргната над очите, како да се затскрива од сонцето или како да се срами; втора фотографија: Профим и Профимица, сами; Профимица е со доста потпорастен мев; фотографијата е направена одблизу како за на ѕид или надгробна плоча; жена му ги држи рацете скрстени на мевот, а тој ја држи под рака; зад нив се наѕира вратата на чија клучалка висат потки од дрен и кукурек и дел од детската глава нацртана со креда на вратата и чијашто уста е развлечена во смеење; трета фотографија: пак сите заедно, но сега Профимица ја држи во рацете долгоочекуваната принова на куќата - бепчето Скрче; се гледа: фотографот имал голема мака додека успеал да го фати овој момент кога бепчето ги отворило очите, при што насмевката на Профим, од долго местење и стоење, останала како сиросана, како скаменета; девојчињата од пресилно блескање на сонцето, замижале и изгледаат како да спијат! четврта фотографија: Скрче качен на коњ.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Го мести својот касетофон.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Малиот ги наоѓа скршените очила и му ги мести.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Ги мести. Рацете му се тресат.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Повеќето беа сити. Се местеа околу огнот да заспијат и се менеа при светлоста на запалените трупци и распарчени стебла, беа и луѓе и призраци, стенкаа, се чешаа, ги сврбеше кожата и ги болеа коските под кожата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И, местејќи рамо под уво додека со дланка си ги покрил очите во птичје умеење да ја заштити главата со крило, заспал.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Биле ветроепци: кога не им се работело, местеле по ридиштата примки за еребици, барале рекички од кои со приготвени кошови ќе извадат риба или во шумата покривале со лисја стапици за дивина, па фатиле болвлива лисица и срнец со бел задник. Лапале и полжави и желки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Меѓутоа, додека со мама ја местевме масата за ручек, таа ми ја забележа преврската и ужасно се исплаши.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ги мести своите скршени наочари што се држат со селотејп.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Повеќе