мерак (м.)

РАЈНА: Пак и оваа, нашава чума, фрлила мерак по него.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
И знаеш, Рајно сестро, уште сака да се жени... За тоа сум дојдена... Фрлил мерак по вашата Симка.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
ЈОРДАН: Ветер е тоа, не е мерак! Има очи да види и разум да мисли.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Ете, толку години поминале, а меракот трае и тлее како запретан жар во срцето... И само пече и боли.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ДЕПА: (упаѓа). Морее Панде, што ти требаше да кажуваш вакви муабети, да ги ставаш луѓево во мерак?
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Чуден човек си бил!... Само за ставање мераци!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Ти да дојдиш да ме скиниш, Во пазува да ме туриш, Мераков да ми помини!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
А в бафчи трендафилите слушаш ги - со темницата шепотат севда без мерак, шепотат - златни времиња!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Е голем мерак ти имам по пусти пари.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Јас да можа да направа маѓии, ќе си направа за Мицето мое да си го прожена, токо толку да ти помине меракот, дај ми по еден шеј од него и од чупето, ќе му одврата вода, ама пак да не веруаш.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ама вака, со старци од шеееет и пет и седумдесет години, тој од четириесет, ѝ се виде момче за мерак.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Туа де, дури и вратот на Илка му го виде ти! — ја брецна Стојна Цулева. — Ете, тоа ти се вели стар мерак.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Велгоштанецот се замисли и продолжи: - Кога во Белград ми го потпишаа мајсторското писмо, истата година почнав таму да ја ѕидам и првата куќа. Со каков мерак ја започнав.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Се разнесоа песните за Антица, за Деспина, за Караѓуле и за други охридски мераци што копаа по срцата и ги разигруваа до поулавување...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Да знаеја чалгаџиите дека му свират на утрешниот свршеник на Викторија, бездруго ќе му ја испееја и песната на нејзиниот дедо, кој истурил, по битолските меани, крбли злато од мерак по убавата Еврејка... Но не знаеја.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- А како учеше? - Многу имаше мерак за учење.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
„Ќе ида, вели, кај ќе умре он — нека умра и јас“. Ама мерак, мајкатааа!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На крајот се разбра работата од каде беше: Мајка му на јузбашијата беше била каурка — Гркинка, но беше побегнала за некој си бег во Солун, ама од голем мерак што имале обајцата еден спрема друг, таа успеала да го кандиса да не ја потурчува, што значи тој беше од татко Турчин, а мајка христијанка, која во неговото детинство беше повлијала на неговото воспитание и разбирање за каурите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ги виде сите свои робови и робинки пред себе; ги виде и убавите и млади невести Доста и Дунава Макреви, ја виде и бела Бојана Жиовката, па погледот му падна и на Доста Рожденката, околу која толку години се вртка, но сега кај него немаше ни зрнце милосрдие, ни зрнце мерак, ни зрнце човештилак.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Црева од мерак ќе истури, кога ќе ги чуе нашите песми!
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Повеќе