менлив (прид.)
Во овој случај, тој ги следи настаните низ еден надворешен и менлив агол.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Одново значи: Времето не е само категорија на траење и менливост туку и оска на правдата.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Заскитаната желка ползи по асфалтот. Праисториското животинче, што ги минало мочурливите сништа, пајажините, менливите гробници, неминовно го пречекува смртоносниот метал на четири тркала.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Прифати сѐ. Минатото е менливо. Минатото никогаш не било променето.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Исто така произлегува дека, иако минатото е менливо, тоа никогаш и во ниедна конкретна фаза не било променето.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Сакам да речам дека всушност зборувам за оној момент кога и во нашите размисли менливиот дел на вистината ја исмејува нашата лековерност.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Налик се на летечки сокровишта со менливоста на облакот во окото, со еден свет затворен во бисерни мониста, што брзаат да го занесат пред портите на сонот.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
12 Границата може да биде и менлива/флуидна, како во случајот на дипломатски имунитет, меѓународни авиони и бродови или - на полично ниво - мобилни домови.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Сарказмот, одвај видливата насмевка на крајот од усните, блесокот во стеснетите очи, одмерените движења на рацете и честите шрекини со менливата боја на гласот, оставија силен впечаток кај сите присутни.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)