менгеме (ср.)
А зимата стегна како менгеме.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
И ме боли, многу ме боли, вели, и главата ми ја клава во менгеме.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Мајката Перса, стаписана и стегната како во менгеме, исто не можеше да пушти солзи, туку само ги рашири рацете и Пелагија ѝ влета во мајчинската прегратка.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Нејсе, не мораше да покажува разни вештини за луѓето да се тргаат од неговиот мегдан: чаршијата и така брзо разбра за неговата промена и претпазливо го разлабави менгемето.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Овие зборови силно ја возбудија Рада. Зборот судбина во менгеме ѝ ја стегна душата.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
И во XVII век е уште поголемо присуството на турцизмите во балканските јазици, се среќаваат и следниве: ама, арамии, бакар, бериќет, бучук, денк, ѓум, зарар, ибрик, казан, кат, кубе, кутија, машала, менгеме, муштерија, памук, пари, ракија, руба, сакаш, сандаци, саан, синија, тава, тенџере, тепсија, теслими, фрча, хич, чифлик, дајак и други, а има и голем број зборови што означуваат разни видови занаети и занимања: бојаџии, казанџии, самарџии, сапунџии, кираџии, кујунџии, меанџии, симитџии, терзии, ќурчии, чакшири, чешмеџии и други.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Со десната рака го зграпчи неговото лице, а прстите од левата се стегнаа во менгеме.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)