мем (м.)
Како некаков почеток можеме да видиме дека пазарот за следниот Божиќ ќе бара тимови лингвисти, психолошки добро школувани писатели и луѓе, коишто можат да доловат посебни ефекти за развивање на новиот модуларен јазик, којшто се заснова врз „меми“, сајберноти, што меѓу себе ги поврзуваат зборовите, иконите и структурите.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Оваа нова раса се појави кога огромен број индивидуи во стадиумот на младоста започнаа да комуницираат некои нови меми, истовремено мутирајќи заедно.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Младите луѓе од целиот свет мутираа, како што предвиде Маршал МекЛуан, преку високо комуникабилните меми: документарни филмови, рокенрол музика, MTV, пиратско емитување, сето тоа доаѓа до нив преку Американско-Јапонските телевизиски екрани.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Докинс (Dawkins) го предложи зборот „меми“ за да ги опише овие авто-реплицирачки идеи што се шират низ популацијата, предизвикувајќи културални мутации.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)