медицински прид.

медицински (прид.)

Во неа имало околу 2.000 болнички кревети, располагала со сета најсовремена медицинска техника, а што е најважно, во неа работеле и најголемите и најпрочуени лекари- хирурзи, научници што ја разнесуваат славата на болницата низ целиот свет.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тоде, пак, најмалото од сирачињата Младенови и Спасиини, по завршувањето на гимназијата во Горни Милановац, по наговор на брата си Петара, кој служеше во кралската гарда во Белград, капетан, заминал во Загреб за да студира на тамошниот медицински факултет.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Постарите браќа, како што израснуваа, подземаа од семејните обврски, откако ќе изучеа некое средно училиште, најчесто медицинско или техничко, веднаш се вработуваа, отворајќи перспектива најстариот да студира. Повеќето се определуваа за медицина.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
При ваквите симптоми медицинската помош е неопходна.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Бидејќи за хипертекстот е карактеристичен спојот меѓу текстуалниот, визуелниот, кинетичкиот и аудио елемент, во ваквите креативни игри беа вклучени: графички елементи, било цртани било оние што веќе се дадени во софтверот; промени на фонтовите биле користени да ги обележат различните гласови или гласовни елементи; користени се и посилно осветлени зборови, симболи и знаци над редот, маргиналии, мапи на пределите или мапи на патувањата; употребувани се и документи што не се типични за „онаа“ литература (статистички графикони, статии од весници, филмски сценарија, фотографии, бејзбол- карти, одредници од речници, омоти од рок- плочи, астролошки предвидувања, медицински и полициски извештаи...)
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Ниту другите земји ќе се ослободат од насилство и терор сè додека кокаинот и хероинот таму се произведуваат од страна на картелот криминалци. Политиката на делумна забрана би ја задржала и од морална гледна точка сомнителна пракса на затворање луѓе кои директно не ја загрозуваат околината. Таа и понатаму би сместувала во подземје еден првенствено здравствен и општествен проблем и би жигосувала поединци кои поради тоа не би можеле да дојдат до потребната помош. Истата таа политика би ги обесхрабрувала медицинските истражувања и ширењето на информации во врска со опасностите од уживање на дрога.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Таквата тенденција претставува една политичко-економска операција под закрилата на медицинската пракса.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Разграноците на оваа технологија, како што е Валдерновата авантуристичка игра, не треба да ни го одвлекуваат вниманието од тековните примени во молекуларната биологија (скратување на молекули со помош на вид и допир, во воздухопловната симулација, медицинскиот тренинг, архитектурата, индустрискиот дизајн.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ех... Нема многу што да се каже, домаќинката има Медицински атлас Ларус, а и болестите го загубија угледот, ги има помалку, гледате што се случи: нема сифилис, нема гонореа, нема тифусна треска. Нема ни чума, ни колера.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Слично, кога ги анализираме интеракциите меѓу владите, големите комерцијални монополи, медицинските и воените власти, забележуваме дека тие обично се поврзуваат на различни начини, надополнувајќи се меѓусебно, без да ги загубат своите индивидуални особини.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Татко ѝ сакаше таа да се запише во медицинско училиште.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Сигурно Бог, колку и да не верував во него, ми ја дари потребната сила во мигот, кога го забележав истиот џип со медицинска ознака, од кој сигурно ми се контаминираше храната и се организираше дотекот на врела вода во хотелите.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Медицинските книги тврдат дека поради апстиненција не се умира веднаш и дека лакомоста полека исчезнува.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Едновремено држеше со рака исцртан дијаграм кој прикажуваше женски органи во анатомски пропорции и ја објаснуваше нивната функција и позиција на начин на медицинска сестра којашто зборува за фантазиите на средношколците на час по сексуално воспитување.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Медицинскиот џип се доближи до самата граница, како последна жива закана, како трагичен епилог од сцена­риото на живата драма во која јас бев единствениот лик.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Бидејќи Кларк бил повреден и му била потребна медицинска помош својата мисија Perseverance ја препуштил на поручникот Мекдоналд, а тој продолжил со мисијата на Џорџ Квајн која требало да замени за Македонија каде се надевале дека ќе може да биде илегално префрлен до Скопје каде што би можел да добие потребна медицинска помош.112 ____________________
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Но велеше дека за нас, туѓинците, кои првин секогаш ќе си имаме проблеми со јазикот на другите, беше најдобро да се определиме за средните стручни, технички или медицински училишта, оти така ќе си ги решевме однапред главните проблеми кои подоцна не ќе ни ги комплицираат животите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Поради братовото влијание, кој беше на високи позиции во здравството во Републиката и во Федерацијата, прво како министер, а потоа и претседател на Собранието на Македонија, од неговите колеги беше формиран и посебен медицински конзилиум кој требаше да направи сѐ Мајка да се спаси.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Забележав една медицинска сестра како поминува.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Барам начин да ми се валоризира трудот потрошен за совладување на медицинската наука! Сега на ред се реформите за Здравството!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Повеќе