маќеа ж.

маќеа (ж.)

И имало тоа девојченце зла маќеа, која секој ден го испраќала голо и босо по ридиштата, да собира дрва.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
За маќеа, мислев дека е потребна некоја друга жена, сосема поинаква.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
- Маќеа, не мајка, - чув како прошепоти Лидија, едно кадраво црвенокосо девојче од другиот клас, што се криеше зад нив и сите како да се збунија и поцрвенеа поради тоа.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
И сега се сеќавам дека инстинктивно ги избегнував приказните во кои се раскажуваше за лошите маќеи, за волшебното огледало, за Ивица и Марица, за Црното кравајче и Пепелашка...
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
17. Еден ирски јунак чијашто мајка беше почината, доби задача од својата маќеа да тргне на пат до островот под морето и да донесе златни јаболки што таму ќе ги пронајде.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Мајка се роди сираче. Не го запамети ликот на својата мајка. Живееше добро со маќеата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Дали татко му и маќеата на Карл ќе му го дадат писмото?
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Маќеата Тимка го вадеше лебот од фурната и ми викна: Миле, што сакате за вечера да ви подготвам, прженици со сирење или нешто друго?, а јас ѝ реков: За мене не е важно, зашто јас не бирам ништо.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Лошо спиеше откако маќеата се всели кај нив.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Маќеата немаше никаква врска со тоа – таа беше симпатична, насмеана жена, која имаше навика постојано да ја зафрла темната коса со левата рака и да ги допира сите со кои зборуваше.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
„Те сакам... Господе, колку те сакам..., како ниедна пред тебе“, премалено рече гласот на татко ѝ. „Знам“, рече маќеата.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Мајкината историја на балканскиот егзил започнува уште од детството кога со семејството ќе се најде во Влора во славниот конак на Еќрем Беј Влора, внукот од вујкото на маќеата на Ервехе.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Љубовта, нежноста на вујна Клементина, ни оддалеку не можела да ги замени нејзината маќеа која припаѓала на големо семејство.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во куќата на нејзиниот татко и на маќеата, во Лесковик, откако се вратила од Солун, станувала сѐ потивка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Повторувањето понекогаш е и маќеа на знаењето.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)