машинист (м.)
Тргнете денес згрнати чисти работници - граѓани мои, рудари, огнари и машинисти, - ударници - на трудот херои!
„Мое село“
од Ванчо Николески
(1950)
Очите на машинистот не беа зачудени, беа уморени.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Машинистот извади од својот џеб бледа и стуткана слика.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
„Ви нарачаа. Еден ваш познајник. Машинист.“
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Ако го исклучам машинистот, другите, особено двајцата од Пустенец, маката ги научила на една, според нив, вештина, која ние најстрого би ја осудиле, а тоа е уцената.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Црниот машинист, Коле, по потекло од Вардино, веќе беше легнат под сенката, со свиткани колена и со едната рака под главата.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Долу, во приземните простории, двајцата копачи, и Коле машинистот, ја спиеја кај мене во Маказар последната ноќ, спиеја во длабок сон, толку длабок и тежок, што не им даваше да сонуваат.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Во текстилната фабрика, каде што имаше сѐ на сѐ околу 100-тина работнички – според систематизацијата на работните места, таа ја извршуваше задачата на конфекционер, односно машинист- шивач.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)