мачнина (ж.)
Од мислење и несмислување почна да им се врти во главите и да ги фаќа мачнина.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Од глад во стомакот чуствувам мачнина.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Толку сум исцрпен и измачен од некоја неопислива мачнина.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Телото ми е запарено и ми предизвикува некоја мачнина.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Чести бранови на ладно и топло, мачнина во стомакот која ве тера на повраќање и губење на апетитот.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Пак ме фати криза горе, одвратна мачнина!
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Но луѓето пуштаат брада, велеше дедо му, и кога некоја мачнина ќе му завладее во душата.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Го врти ги гледа сликите, го обновува минатото, а во душта сè повеќе му налегнува мачнина и болка.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Беше уморен до мачнина. Конфузно потскокнуваше неговото срце, вечното стоење во задушливо-мрачната соба беше преголем напор, предолго да се дава вештачко дишење беше злостор над самиот себе.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Се мамев. Борбата против мојот сон продолжуваше. Најпосле заспав. Се ослободив од мачнината пред сонот.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Во мене нивните извици предизвикуваат мачнина и конечно ја поместуваат точката на смислата на моето враќање.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Ме обземаше мачнина од овој масакар на божествата, на верувањето, кога не останува ништо друго.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Се буди со некоја мачнина во стомакот која завршува со суви обиди за повраќање, а истото се повторува и во текот на денот, при вршењето на својата работа, а особено во миговите кога ја раширува шамијата со јадењето.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Првиот пат кога се обиде да пуши, почувствува мачнина, но штедеше и го растегна траењето на кутијата цигари долго време, пушејќи по половина цигара по секој оброк.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Според есапот што си го правеше Чана излегува дека во исто време ќе донесат на свет нови чувеци, само се чуди зошто нема мачнина како што кажуваат жените, или она ќе биде една од ретките што плодот нема да ја мачи?
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
„Секогаш велам, ако имаш мачнина, веднаш изблуј се. Уште додека ти е тазе во меот.“
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Стомакот жестоко му се преврте од мачнина и тој речиси загуби свест.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Околу срцето чувствувам мачнина што од страв што од студ.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Но кога со мачнина во себе се увери дека каталогот повеќе никогаш нема да го најде, продолжи да се однесува како да го има и натаму.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Ноќта ме подразбуди некое тивко ’ржење и мачнина во стомакот.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)