маршал м.

маршал (м.)

— Да ти прочитам што рече Маршалот на 11 Октомври? — Читај!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Од радиото ечеа нови револуционерни песни: Југославијо народ те славио... Уз Маршала Тита јуначкога сина нас неќе ни лако смест?...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Широк Сокак е приказна за себе. Така се вика главната улица по која сега зачекорив, односно така сѐ уште ја викаат битолчани, по навика или од некоја стара севда, иако званично улицата го носи името на Маршал Тито.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Ние сме повикани пред историјата да исправиме една голема неправда што му е сторена на нашиот маршал Сталин: зошто, како што ви е бездруго познато, сите, од до вчера братските комунистички партии, неправедно му свртија грб на Сталин и на неговото дело.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Чекореше Јагулче Дримски, кога му идеа овие мисли, крај реката, гледајќи во водите јагули, предавници, што бегаа кон запад, по тактот на еден од маршевите на победата, потсвирнувајќи, за да си го забрза чекорот, повторувајќи го постојано стихот Уз маршала Тита у нов бој...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Минаа времињата кога Мајка го спасуваше семејството од бомби, од разните војски во родниот град крај Езерото, од ловците на сталинисти, кога се скараа Тито и Сталин, кога не сакајќи, ја скри сликата на советскиот маршал.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Додека дедо му седеше насапунет на столчето и се подгледнуваше нагоре кон големата слика на Тито во маршалска униформа над потпукнатото огледало, со помалата слика на синот на Ружди во униформа на ЈНА во едно ќоше, бричот се точеше од каишот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Ова училиште кое беше познато како Женска гимназија која, подоцна, го доби името на маршалот Јосип Броз Тито, покрај другата голема Машка гимназија која го доби подоцна името на народниот херој Цветан Димов, имаше свои одбрани ученици, но и добри и угледни професори.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Беше како зелен храм. Среде беше резиденцијата на маршалот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И маршалот Тито, во последните години од животот, во едно исповедно интервју, поставувајќи си го отворено прашање дали ќе живее во историјата, ќе рече дека е свесен дека малку животи загрозил за да спаси многу повеќе.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Обично кога заминуваат владетелите, продолжува извесен период да живее нивниот мит, најмногу потхрануван од најверните соработници на владетелот, од инерцијата на претходното владеење На крајот историјата останува последниот арбитар во бездната на меморијата се извишуваат или исчезнуваат засекогаш некогаш моќните гласови Одбраната дружина нови амбасадори во светот, по едногодишните подготовки во Белград, како да беше дел од инерцијата на обезглавената власт по исчезнувањето на маршалот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Доколку премиерот Пуриќ „се спротивставува на напорите да се постигне спогодба со маршалот Тито..., Британската влада, потпомогната од Русија и можеби од САД, ќе ѝ стави до знаење дека нема да продолжи да ја признава Владата на Пуриќ во овој состав“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Бев во нижите години на осмолетката „Маршал Тито“ кога Бубите од Ливерпул го испеаја својот реквием. Беше тоа мелодијата „Облади-Облада“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)