марула (ж.)
а кога ќе излезеш на горниот крај од планината, долу веќе нова шума пролистала, млада младица, кревка, марула, други ластари се подале и ти само се преместуваш и пак јадеш, само по една широка бука за сенка си оставаш, и јас не сакам така да мислам, вели Стеван Докуз ама нешто ме тера, којзнае во која длабина е скриено тоа што ме тера, дали некаде во мевот, или уште подалеку и подлабоко, а јадењето не е еднаш и не е за еднаш, кога би можело да се најадеш само еднаш и тоа цел живот да ти држи, сто години да не мислиш за јадење, само си работиш, ама зошто да работиш тогаш, си мислам, што ќе правиш со сработеното, ќе се чешкаш, ќе се чешлаш, и зошто ќе ти служи устата, зар само за да ја поганиш, и таа треба со нешто да се подмачкува, да се проветрува, ќе ти скапат забите од неџвакање, од неработа, ќе ти фати пајажина, вели Стеван Докуз и џвака некое чкорче, го толчи, го цеди, а јадењето никогаш не му се познава, никаде да му се види јадењето, дали нешто во него му го јадеше, дали за два-тројца јадеше или му го земаше некој црвец, некој скриен молец во него или некоја друга заседната болест,
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
— Да има сега една ракија, вели Цветан, и една здробена марула со варено јајце и сушени маслинки...
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Еднаш начу таков муабет во ходникот и толку се вознемири што беше безобразен со професорот по физика, свежо-оженетото прчле со голема брада, кое доаѓаше за време на одморот за да дискутираат за секции, задачи и часови, а патем и да си ги јадат заедно сендвичите со марула или туна.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Од врата излегуваше како фурија, а старицата мавташе по него со ќесето со сендвичот полн со марула.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Кубанските пиперки имаат чуден укус и дебела љушпа, ПеВеЦе патлиџаните можат да седат на собна температура со месеци, џбунестите марули се убави само на изглед, овчото сирење е кравјо, јајцата се мали и бљунтави, кајсиите мирисаат на шаргарепи...
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)