мартинка ж.

мартинка (ж.)

Браќа, ние сами треба да купуваме оружје: пушки мартинки, берданки, малихерки и бомби.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Аламанија наоружа нас со манѕерки, плукам јас на тие ваши мартинки.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
За да го заплашат овие „Грци“ „Бугаринот“ Толета, влегуваа оружани со една мартинка в раце, која на вратата ја менуваа таа иста пушка, бидејќи само таа беше во селото, но на Толета му се стори дека има најмалку педесетшеесет такви.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Мартинките на двајцата светеа на утрешното сонце кое тукушто се пробиваше преку гранките на борјето и ја гонеше седата покривка од нивните „коси".
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На тој ден стана обичај луѓето да му врзуваат мартинки на добитокот: да не куца, да не се шине, да не му се јадат копитата, да не буца со роговите, да не фаќа дрскосерец, да е плоден.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Облаци златокоси, дождови темнооки, Таги мои извишени, ноќи најглобоки, Што ми бегате штом ве иштам Дури лелекам, дури пиштам Од болки-додолки, од маки мартинки, Штом се стишам кога дишам Темното штом го рисам, За да светнам и да летнам, Како птица небесница, пеперуга златница Како миризлива стих-латица Како ѕвезда крилатица?
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
И почнав да се облекувам само во црвено: црвен фустан, црвени чорапи, црвени панделки во косата, црвени мартинки на рацете.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дедо Геро, во ’рженицата од покривот на земјанката држел скриена мартинка.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Само што сите со мартинки кои не се криеја под гуните како поткусените берданки без кои овчарите, речиси, не ги истеруваа овците.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Во тоа време немало наш човек да не крие барем шисане ако не и берданка или матинка, како што се викаа тогашните пушки.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Фармерки, волнен џемпер, спортска јакна и високи зимски мартинки, наместо војнички цокули.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Се пикна под топлата јамболија, симнувајќи ги само мартинките од своите нозе.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Со страв и голема недоверба полека ја поткреваше јамболијата. Го збунуваа високите мартинки крај креветот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)