мариовски (прид.)
А, лебами, и за носење не паѓаше подолу ни од една мариовска посестримка.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Вака на лице многу ја бендиса, но сака да види дали ја фаќа мариовската носија.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Се знае: каде лази мариовска и полска вошка, таму има аир, а од оние суртуцине: плетварци, оровчани, крстечани, деништави, небрежани и други пограѓанети селани можат само Долзите, Зојчевци и Даут да се користат по нешто, и тоа слаба работа, од некоја басмичка.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Роден бил некаде Битолското, од татко Турчин и мајка рисјанка што ја грабнал насила некаде Мариовското кога бил таму во потера како турски војник.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Дедото Богдан се рашета гордо низ пазариштето, разбра што му требаше да разбере, ги изжала и другите чифчии што ги виде, се нафрли пред сите со мариовската слобода и се врати кај Ангелета и селаните.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Но Селим не беше од типот на татка му што сакаше сѐ да држи во свои раце, па дури и вакви ситни работи како што беше мариовската буна.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Оди со здравје и носи многу поздрави на вашиот Истанбул – го испрати прилепскиот кадија првиот гласник лично до силниот султан Сулејмана со тешко обвинување против мариовските бунтовници што подигаат бунт во срцето на големата турска империја, кога таа беше на највисоката точка од својата сила, од која се тресеше цел свет.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
На чардакот, боса по алови чорапи, во нова алова мариовска носија, со срмени кистови, скопци, павти, решмиња и гушниче од петолирки, ги служеше Сивевите гости убавата Велика Бендерова, чиј што маж, Митре Бендеров, беше вечен момок кај Сивета, заради нејзината младост и убавина.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Ами, метлата, господин војводо! Мислиш не ќе познаат агите оти ваа работа не е мариовска?
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Каленци, Крушевичани, Чанивци, Пештанци, Вепрчанци и други „прекуреканци" останаа испретепани во Дуње да ги ложат бабите со кромид и сол, а дунските сиромаси што немаа да платат, ги собра Мефаил со него да ги тепа во другите мариовски села и со нив да ги плаши тамошните сиромаси.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Bo барањето на што поубедлива документарност при интерпретација на личните и општи судбини, зафатени од виорот на Балканските војни и Првата светска војна, покрај кажувањата на десетина преживеани учесници од Македонија (со кои успеав да се сретнам во Битола, во Солун, во Берово, во Горно Коњаре, Скопско, во Ваташа, Кавадаречко, во Слојштица Демирхисарско, во Жиово, Мариовско, во Претор, Ресенско и т.н.) ненадоместлива помош ми беа и белешките на учителот Милорад Марковиќ, односно неговиот „Воен дневник“, којшто во еден поголем дел е воден на боиштата во Македонија.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
5. Таква е, гледана однадвор, пуста и ненаселена, наваму од крајот на последната Голема војна, односно наваму од принудната колективизација, и нешто потоа, откако ги зафати луѓето емиграцијата, таа самоникната и безимена потковица среде Бакарно Гумно, која, спуштајќи се благо по голите падини на ридиштата, на запад и на југ, сè до мелиорацијата (пред десетина години ја извршија доброволно младински работни бригади; покрај бесплатна исхрана, работничка облека и плускавици на дланките, младинците имаа и задача да ги шират меѓу себе љубовта и братството) се преточува во ливадско земјиште (сега сушно и неплодно) испресечено со мртвици и блата кои, пак, се вливаа во Црна и во кои заедно со стотици видови барски и преселни птици живееше и лошиот дух на маларијата, а на исток и на север, односно на североисток и на северозапад, сѐ до мариовските планини, односно сѐ до Прилеп и сѐ до крушевските планини, во житница и тутунско поле.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Бегајќи по источниот лак и спуштајќи се низ неговите надворешни падини, низ полето, по доловите и суводолиците, стигнуваа во мариовските планини.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)